Папата Лав ги повика Аргентинците со радост да ја навестуваат Радосната вест

Папата Лав ги повика Аргентинците со радост да ја навестуваат Радосната вест

Папата Лав XIV го заврши вториот ден од своето апостолско патување во Аргентина со поздрав до верниците собрани пред Апостолската нунцијатура во Буенос Аирес, повикувајќи ги со радост да одговорат на Христовиот повик и да ја навестуваат Радосната вест.

Светиот Отец им се заблагодари на присутните за нивната радост и ентузијазам и им го упати својот благослов.

„Господовиот благослов нека допре до срцата на секој од вас и на сите ваши најблиски, и секогаш да живееме со радоста од сознанието дека Христос нè повикува“, рече Папата.

„Секој е добредојден и секој е испратен да ја навестува рРадосната вест со радост“, додаде тој.

Вториот ден од посетата на папата Лав XIV на Аргентина, 9 ноември 2026 година, беше посветен на човечкото достоинство, милосрдието, семејството, работата и мисијата на Црквата.

Во Центарот за нега „Дон Орионе“ во Клејпол, Папата се сретна со лицата со попреченост и со персоналот, нагласувајќи дека напредокот на едно општество се гледа и според начинот на кој ги прифаќа најранливите. Тој ги охрабри и младите да се вклучуваат во волонтерски и добротворни активности.

За време на Светата Литургија во Буенос Аирес, Светиот Отец ги повика семејствата да му дадат место на Христос преку молитвата, простувањето и меѓусебното слушање и активно да учествуваат во евангелизацијата.

Попладнето Папата се сретна и со пет лица кои претрпеле злоупотреба од свештеници и црковни институции и ги сослуша нивните сведоштва.

На Католичкиот универзитет во Аргентина, обраќајќи им се на претставници на социјалните движења и светот на трудот, тој порача дека човечкото достоинство мора да биде пред профитот и дека технолошкиот развој треба да биде воден од етички принципи.

Во текот на денот Папата се сретна и со христијански и други верски водачи, повикувајќи на дијалог, мир и заедничка заштита на човечкото достоинство.

Денот го заврши со Вечерна во катедралата, каде ги охрабри аргентинските епископи да работат за единство, помирување, поддршка на семејствата и грижа за сиромашните и невработените.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот