За Англиканскиот поглавар папата Фрањо е лице на годината
Поглаварот на Англиканската црква, Џастин Велби (57), го прогласи папата Фрањо за лице на 2013 година. За него лично „католичкиот поглавар“ е „посебен човек“ изјави за британската телевизија ББС. „Тој сака да ја обнови Католичката црква преку својот личен пример“, истакна Велби. „Папата беше многу успешен мината година. Секако дека јас би го номинирал за лице на годината.“
Велби од февруари 2013 е архиепископ на Кантабери. По чест е поглавар на сите англиканци во светот, кои бројат околу 80 милиони.
Ика/го*ко
Категорија:
Свет