Во месечната молитвена накана на епископот Стојанов за декември 2025 повикува да молиме за да можеме искрено да одговориме преиспитувајќи се самите себе: Kако стоиме во верата? Дали живееме според верата? Колку сме свесни дека Воплотениот Син Божји доаѓа кај нас и заради нас? (сп. 2 Коринтјаните 13,5).
Месец декември е време кога насекаде започнува да се чувствува божиќната атмосфера. Но треба да останеме трезвени и да не дозволиме блесокот на надворешноста да ни го одземе вниманието од смислата на празникот. Повикани сме во овој период на Божиќен пост или Адвент да се упатиме на духовен пат во пресрет на Богомладенецот – Христос.
Тој пат нé води и на молитвената накана за овој месец, а тоа е да молиме за да можеме искрено да одговориме преиспитувајќи се самите себе: Kако стоиме во верата? Дали живееме според верата? Колку сме свесни дека Воплотениот Син Божји доаѓа кај нас и заради нас? (сп. 2 Коринтјаните 13,5).
Тоа ќе можеме на најдобар начин да го направиме ако го оживееме духовниот живот: преку секојдневно читање на Светото Писмо да се потсетиме на ветувањата и настаните што претходат на Рождеството на нашиот Господ; преку молење на Светата Бројаница дозволувајќи ѝ на Мајката Божја да нè води до нејзиниот Син; преку дела на милосрдие да го препознаеме Христос во лицата на оние што страдаат, кои се осамени и во потреба.
Како што пророкот Исаија повикува: „Пригответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустињата патеките за нашиот Бог“ (Исаија 40,3), така и ние да ги подготвиме нашите души и да ги направиме достојно место во кое Богомладенецот ќе се всели, донесувајќи ни мир по кој копнее секое човечко битие.
к.мк

