70. роденден на Папата: „Му благодарам на Бог за моите родители и за сите кои ме спомнуваат во молитвите“

70. роденден на Папата: „Му благодарам на Бог за моите родители и за сите кои ме спомнуваат во молитвите“
  1. По молитвата „Ангел Господов“, Папата им се заблагодари на сите кои му упатија честитки и убави желби за неговиот роденден. Верници од целиот свет, собрани на плоштадот „Свети Петар“, со бројни транспаренти на различни јазици му изразија роденденски честитки и пораки на љубов и поддршка.

Папата Лав XIV, роден на денешен ден во 1955 година во Чикаго, Илиноис (САД), на 14 септември по молитвата „Ангел Господов“ со насмевка им се обрати на присутните и им се заблагодари за молитвите и честитките. На плоштадот се собраа околу 30.000 верници од сите континенти, а меѓу нив имаше и музички групи кои со своите настапи му оддадоа почит на Светиот Отец.

„Драги мои, изгледа добро знаете: денес наполнив 70 години. Му благодарам на Господ, на моите родители и на сите кои ме спомнаа во своите молитви,“ рече Папата со благодарност.

Шеесетгодишнината од Епископската синода

Во своето обраќање, Римскиот епископ потсети и на една важна црковна годишнина: шеесетгодишнината од основањето на Епископската синода, на иницијатива на светиот Папа Павле VI. Овој јубилеј ќе биде одбележан утре, 15 септември.

Светиот Отец изрази надеж дека оваа годишнина ќе биде поттик за обновено залагање за единство, синодалност и послание на Црквата. „Утре ќе ја одбележиме шеесетгодишнината од воспоставувањето на Епископската синода, пророчка интуиција на светиот Папа Павле VI, со цел епископите да можат уште посилно и поцелосно да го живеат заедништвото со наследникот на Петар,“ рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот