Ви го пренесуваме размислување за Седмата недела по Педесетница според Евангелието од Матеј 9,27-35 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Кога Исус заминуваше од таму, по Него тргнаа двајца слепи, кои викаа: „Помилуј нè, Исусе, сине Давидов!” А кога влезе во куќата, слепите Му се приближија. Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Тие одговорија: „Да, Господи!”
Тогаш се допре до нивните очи и рече: „Нека ви биде според вашата вера.” И им се отворија очите. А Исус строго им заповеда: „Гледајте, никој да не дознае!” Но тие, штом излегоа, го разгласија за Него по целата таа земја.
Додека тие си одеа, доведоа при Него човек нем и опседнат. Кога бесот беше изгонет, немиот проговори, а народот се чудеше и велеше: „Никогаш не сме виделе вакво нешто во Израилот!”
А фарисеите зборуваа: „Со силата на началникот на бесовите ги изгонува бесовите.”
И Исус одеше по сите градови и села, поучуваше во синагогите, го проповедаше Евангелието за Царството и исцелуваше секоја болест и секоја немоќ меѓу народот.