Брилијантна и нежна стратегија за борба против малтретирањето

Брилијантна и нежна стратегија за борба против малтретирањето

Eден креативен начин како родителите да им помогнат на своите деца да бидат подготвени доколку ги нападне насилник.

Доколку вие – или вашата ќерка – некогаш сте се сретнале со “злобно девојче”, (или злобно момче), тогаш ја знаете извонредната болка во случај да сте цел на насилник. Насилниците ретко имаат точни информации за својот плен, а се потпираат на она што ќе предизвика реакција, за да можат да ја задржат моќта и привилегијата.

Дури и некои познати личности, со навидум шармантни животи, ја познаваат оваа болка. Оскаровката, актерката Кејт Винслет изјави за Били Буш во The Today Show дека таа била малтретирана од соученичка како тинејџерка.”Бев малтретирана кога бев помлада, на училиште”, објаснува таа. “Бев дебеличка, знаете, имаше девојки кои ми завидуваа, бидејќи глумев малку и кога бев тинејџерка”. Се разбира, сите ние сакаме малтретирањето (кое зема толку многу различни форми) едноставно да престане – но тоа не е така едноставно, треба да седнете содетето и да имате сериозен разговор за ранливоста и Златното правило.

Знам, бидејќи имав едно дете што беше малтретирано, и друго дете кое малтретираше друго дете. Двете од нив беа воспитувани во исто домаќинство, со исти вредности, и исти дискусии за почитување на другите, без оглед на нивниот изглед и однесување (освен ако, се разбира, тоа однесување беше опасно, во кој случај на овие деца им беше кажано тоа да го пренесат на возрасен).

Малтретирањето не е врзано со добро или лошо родителство. Станува збор за групи на врсници и нивната огромна моќ врз адолесцентите кои се обидуваат да формираат сопствени идентитети. Единствениот начин да се управува со младите луѓе во било која ситуација – дали кога се малтретирани или кога малтретираат некој друг – е тие да бидат сослушани и да бидат постојано потсетувани дека не мора да следат група. Тие не мора да го впиваат она што насилниците им го велат, и тие не мора да кажуваат работи што се нељубезни само затоа што нивните другари тоа го прават.

Експертот на темата малтретирање д-р Џоел Хабер на неговиот блог вели дека треба да му се обратиме на “злобното девојче кое малтретира”, малтретирање онакво какво што вели Кејт Винслет дека го доживеала. Тој пишува дека справувањето со малтретирањето директно е многу важно. “Прашајте го прашањето: Дали има некоја причина поради која си лута на мене?”, вели Хабер. Но, тој забележува дека девојчињата често не зборуваат директно една со друга, дури и ако ги знаат вистинските точки за разговор, па затоа подучувањето како да бидат директни е првиот чекор. “Не влегувајте во драма”, пишува тој понатаму. “Најдоброто нешто што може да направите е да ја оставите, и да си заминете.”

Овде родителите можат да помогнат. Обидете се да им помогнете на вашите ќерки да креираат повеќе групи на другарки, па ако некоја се впушти во “војна меѓу девојките”, тие можат да се свртат кон друга група. Диверзифицираните групи на пријатели значи дека вашето дете секогаш ќе има пријателско лице во кафетеријата, дури и кога едно злобно девојче е во воен поход.

И бидејќи денешното малтретирање не е само лице-в-лице, туку сѐ повеќе вклучува онлајн групи и социјални медиуми, едуцирајте ги децата за вистинскиот и погрешниот начин како да ги користат тие алатки. Иако ова не може да ги заштити од сите грешки, ако знаат дека сте свесни за дигиталното малтретирање, тие може да се чувствуваат слободни да дојдат кај вас со проблемите. Можете исто така да ги потсетите дека насилниците ретко се во право. Тие сигурно не беа во право во случајот со Кејт Винслет. Сега кога е многу успешна, таа вели “Ова е мојата одмазда. Ова тука, оваа прекрасна кариера со која сум благословена. Имам здрави деца. Знаете, имам навистина среќен живот и, за мене, тоа е како… Па, погледнете ме сега, девојки! ‘

Алетеија/к.мк/Кате М.

Категорија: Вера, Семејство

За авторот