Лав XIV се подготува за патување во Турција

Лав XIV се подготува за патување во Турција

Православниот патријарх Вартоломеј и папата Фрањо неколку пати изјавија дека ќе се сретнат на местото на Никејскиот собор за да ја одбележат 1700-годишнината.

Одејќи од еден до друг новинар одвојувајќи по малку време за секој од нив, папата Лав XIV поздрави неколкумина новинари на крајот од аудиенцијата која на 12 мај 2025 година беше организирана за околу 6.000 медиумски професионалци. Во тие неколку кратки разговори, папата Лав XIV откри дека подготвува патување во Турција за да ја одбележи 1.700-годишнината од Никејскиот собор.

Сепак, тој ја отфрли идејата за патување во Соединетите Држави или во Фатима, Португалија.

Откако го одржа својот говор, Лав XIV им се приближи на новинарите од првите неколку реда, кои веднаш му поставија неколку прашања.

Еден италијански новинар го потсети дека оваа година се одбележува 1700-годишнината од Никејскиот собор, планираното патување на Фрањо и средбата со православниот патријарх Вартоломеј на местото на Соборот, денешен Изник, Турција. Папата одговори: „Знам, се подготвуваме“.

Ова патување, со својата силна димензија на христијанско единство, беше еден од проектите планирани пред смртта на папата Фрањо и веројатно ќе се случеше на крајот од овој месец, иако од Ватикан точниот датуми никогаш официјално не беше даден.

Судејќи според неговото мото, темата за единство изгледа дека е многу блиска до срцето на папата Лав XIV.

Никејскиот собор, кој го воспоставил „никејското верување“ – христијанскиот символ на верата – започнал околу 24 мај во 325 година.

Ниту САД, ниту Португалија

Папата Лав XIV од новинарот Лестер Холт, од американскиот канал NBC News, бил прашан дали има намера „наскоро да се врати дома“.

Папата одговори: „Мислам не“.

Португалски дописник од Ватикан го потсети новиот Папа дека Црквата ја ќествува Девицата од Фатима утре, 13 мај. Го праша дали планира да оди таму.

„Кардиналот Превост планираше да оди, но плановите се променија“, се пошегува Папата.

Разговори за спортот и подарок реликвија

Откако дознал за неговиот интерес за тенис, член на комуникацискиот тим на Папските мисионерски друштва се понудил да организира натпревар помеѓу папата и Андре Агаси, познатиот американски шампион.

Папата одговори во шега: „Да, но нема да го донесеме Синнер“, мислејќи на името на италијанскиот тенисер Јаник Синнер, рангиран број еден во светот, и англискиот збор „sinner“.

Еден американски новинар го замоли да се потпише на бејзбол топка. Прашањето за неговата лојалност меѓу двата тима од неговиот роден град е жешка тема на американската новинска сцена уште од неговиот избор. (Неговиот брат уверува дека тој навива за Вајт Сокс, а не за Кабс.)

На сосема поинаква тема, италијанската новинарка Стефанија Фаласка му подари на Папата реликвија од блажениот Иван Павле I.

Алетеја/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот