Папата до католичката заедница во Грција: Сметајте ја вашата маленкост за благослов

Папата до католичката заедница во Грција: Сметајте ја вашата маленкост за благослов

Обраќајќи се на католичката заедници во катедралата во Атина „Свети Дионизиј“, папата Фрањо ги поттикна, преку примерот на свети Павле да ја сведочат довербата и прифаќањето.

Како што пред католичката заедници во Кипар го стави примерот на свети Варнава на епископите, свештенциите, монасите и катехистите во Грција Папата како ходочасник по стапките на тие големи мисионери го даде примерот на свети Павле. Истакнувајќи го специфичниот настан во апостолатот на свети Павле – кога бил одведен во Аеропагот во Атин, Папата кажа дека довербата и прифаќањето кои ги покажал можат да помогнат во современите напори за инкултурација на верата.

Одведен е во Аеропагот за да го испитуваат, тоа не е победоносен момент за Павле, го сметале за шарлатан. Го извршува своето послание во тешка ситуација. Можеби и ние, напомена Папата не ретко чувствуваме уморно или дури фрустрирано заради тоа што сме мала заедница, Црква со малку ресурси, делувајќи во средина која не е секогаш погодна. Да размислиме за Павле во Атина, повика Папата, кој бил сам, во малцинство, со малку изглед за успех, но кој не дозволил да го совлада обесхрабрувањето. Не се откажал од своето послание или не се впуштил во кукање. Ова, нагласи Папата е однесување на вистински апостол: оди уверено напред, избирајќи го подобро немирот од неочекуваната ситуација отколку навиката и повторувањето. Павле ја имал таа храброст која доаѓа од уверената доверба во Бог, кој секогаш сака да оставарува големи работи низ нашата маленкост.

Папата ги повика верниците и тие да ја имаат истата јасна доверба на Павле – да се биде мала Црква е силен знак на Евангелието, Бог кој ги избира малите и сиромашните, кои ја менуваат историјата со наједноставните дела на најобичните луѓе. Како Црква не сме повикани да имаме освојувачки и победоносен дух, импресивни бројки и светска величественост. Тоа може да нѐ доведе до триумфализам, предупреди Папата. Ние сме пак повикани да се огледаме на пченичното зрно, повикани сме да бидеме квасец сокриен во тестото на светот, растејќи во тишината и со трпелива помош на постојаната работа на Светиот Дух. Тајната на Царството Божјо е во малите работи, не ретко тивки и невидливи.

Сметајте ја вашата маленкост за благослов и со задоволство прифатете ја. Ве оспособува да се доверете на Бог и само на Бог, нагласи Папата. Да се биде малцинство не значи да се биде безначаен, туку да се биде блиску до патот кој Господ го љуби – патот на маленкоста, кеноза, понизност, кроткост. Потсетувајќи дека Царството Божјо не доаѓа со лесно воочливи значи Папата поттикна на обнова на довербата во Божјата работа и да не го загубиме ентузијазот за служење.

Второто однесување кое Павле го покажал во Аеропагот е прифаќањето – внатрешниот став неопходен за евангелизација со кој сака да се сади семето на Радосната вест воедно препознавајќи и уважувајќи го семето кое Бог веќе го всадил во срцата на луѓето. Павле започнал дијалог со Атињаните така што најпрво го прифатил нивниот религиозен дух и го признал нивниот копнеж за Бог сокриен во нивните срце, сакајќи со благост да го подели со нас неверојатниот дар на верата. Не е наметнато, туку е предложено, по примерот на Исусовата благост. Верувал дека Светиот Дух делува во човечкото срце над сите верски етикети. Светиот Дух секогаш прави повеќе отколку што можеме да видиме однадвор, нагласи Папата. Во секое време, ставот на апостолите започнува со прифаќањето на другиот. Да не заборавиме, потсети Папата, дека милоста претпоставува култура, а дарот Божји да се воплоти во културата на оние кои го примаат.

Кога Павле ја навести Радосната вест, мнознството се смеело. Но, неколкумина му се придружиле и се преобратиле – меѓу нив и Дионизиј член на Аеропагот, по кој денес се нарекува атинската катедрала. Тоа била мала група, но Бог, така плете нови истории од тогаш до денес. Мојата ревна желба, рече Папата, да продолжите со работата во вашата историска „лабараторија“ на верата, и тоа да го правите со овие две состојки – уверена доверба и прифаќање, за Евангелието воедно да биде искуство на радоста и братството.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот