Папата: Божјата љубов е бесплатна

Папата: Божјата љубов е бесплатна

Во четвртата катехеза на тема „Животот на Исус. Средби“, папата Фрањо се фокусира на ликот на богаташот од Евангелието по Марко. Овој човек изгледа си изградил луксузен брод, но застанал во пристаништето, објаснува Папата. Христос, напротив, гледа надвор од изгледот и богатството кои можат да бидат товар што нè блокира, истакнува Папата и додава: Тој нè сака такви какви што сме навистина и не размислува во согласност со културата на самодоволност.

Во циклусот јубилејни катехези со главна тема „Исус Христос, нашата надеж“, папата Фрањо за среда 9 април 2025 година подготви катехеза за средбата на Исус со богатиот млад човек.

Папата потсетува дека евангелистот Марко ја опишува личноста со која се среќава Исус како некој кој ги пазел заповедите уште од својата младост, но, и покрај тоа, сè уште не ја нашол смислата на својот живот. „Можеби тоа е личност која не донела конечна одлука, и покрај неговата посветеност. Затоа што пред сè друго што правиме, сите жртви или успеси, она што носи вистинска среќа е она што го носиме во нашите срца.

Таквата личност ја спореди со прекрасен брод и извонреден екипаж: „Ако бродот треба да исплови и да го напушти пристаништето за да плови на отворено море, можеби е убав брод со извонреден екипаж, но ако не ги подигне сидрата што го држат закотвен, никогаш нема да заплови. Тој човек изгради луксузен брод, но остана на пристаништето.

Исто така, се нагласува дека младиот човек се прашува што мора да направи за да добие вечен живот? „Изненадувачки е што овој човек не го знае јазикот на бесплатноста! За него сè е обврска. Вечниот живот за него е нешто што се стекнува само со внимателно исполнување на обврските. Но, во живот кој се живее на таков начин, дури и кога намерите се добри, колку простор има за љубов?” прашува Светиот Отец.

„Како и секогаш, Исус оди подлабоко од очигледното. Токму затоа што Исус гледа во срцето на секој од нас, нè сака онакви какви што сме. Ја гледа нашата слабост, но исто така и нашата желба да бидеме љубени – такви какви  што сме“, додава Папата истакнувајќи дека Исусовата љубов е бесплатна: потполно спротивно од логиката на заслуга, која го прогонувала овој човек.

„Вистинската среќа доаѓа кога ќе сфатиме дека некој нè сака бесплатно, од милост. И ова важи и за нашите меѓучовечки односи: сè додека се обидуваме да „купиме“ љубов или „милост“ по цена на нашата среќа, овие врски никогаш нема да не исполнат. Повикот на Исус до овој човек е повик да го промениме нашиот начин на живот и нашиот однос со Бог. Исус препознава дека во него има недостаток, како и кај сите нас. Тоа е желбата што ја носиме во нашите срца да бидеме сакани. Има една рана која не разликува како луѓе, рана низ која љубовта може да помине. За да се пополни оваа празнина, не е доволно да се „купи“ признание, љубов и внимание; Потребно е да „продадеме“ се што ни тежи, за да ни биде срцето послободно. „Не треба да продолжиме да земаме за себе, туку да даваме на сиромашните, да споделуваме и да се ставаме на располагање“, заклучи Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот