Папата се сретна со поглаварите на Источните Цркви

Светиот Отец во четврток 21 ноември во Ватикан се сретна со патријарсите на Источните католички Цркви. Со радост и во братски дух ја прифаќам ова средба која ми овозможи прв пат да се сретнам со оците и поглаварите на Источни католички Цркви. Во вас ги гледам вашите Цркви, а пред сѐ сакам да ја загарантирам својата близина и молитвата за стадото кое Господ ви го довери, и го повикувам Светиот Дух да ни го вдахне она што треба заеднички да го учиме и правиме, верно да му служиме на Господ, на неговата Црква и на целото човештво – рече папата Фрањо.

Нашето собирање ми пружи повод да го обновам големото почитување кон духовното богатство на христијанкиот исток, а потсетувам на она што папата Бенедикт XVI во апостолското постсинодално писмо „Црквата на Блискиот Исток“ го рече за ликот поглаварот на некоја Црква: вие сте будни чувари на заедништвото и носители на црковното единство. Тоа единство кое треба да го остварувате во својата Црква, одговарајќи на дарот на Светиот Дух, го има своето природно и потполно отсликување во неминливото единство со Римскиот епископ, вкоренето е во црковното заедништво, кое што сте го примиле по вашиот избор – рече Папата.

По остварувањето на заедништво на целото Тело Христово треба да бидеме свесни на обврската преку разни патријаршиски синоди да го зацврстуваме единството и солидарноста, привилигирајќи го секогаш договорот за прашања од голема важност за Црквата во однос на соборноста и единствено делување – рече Светиот Отец.

За нашето сведоштво да биде веродостојно – додаде Светиот Отец – повикани сме секогаш да бараме праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост и благост; во животот да се наследува Христос, кој осиромаши за да нѐ збогати нас со своето сиромаштво(…)

Посебно мислам на нашите свештеници, потребно е разбирање и подршка, исто така и на лично ниво.Тие имат право на нашиот добар пример во работи кои се однесуваат на Бог, како и на сите други црковни активности. Од денес барам транспаретно управување со добрата и прецизност кон секоја слабост и потреба. Сѐ во согласност со вистинската синодска пракса, која е обележје по кое се разликуваат Црквите на Исток – забележа Папата.

Завршувајќи го говорот Папата рече: Знаеме дека со Божја помош и Пресвета Дева Марија можеме да одговориме на тој повик. Ве молам да се молите за мене. А сега со задоволство ќе слушнам сѐ што сакате да ми кажете и однапред Ви благодарам – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот