Апел на Папата за Ерусалим: Запрете ја ексалацијата на омразата

Со голема загриженост го следам порастот на тензијата во Ерусалим и во останатите предели на Светата Земја каде што се спроведува неприфатливо насилство кое не ги штеди ниту местата за молитва. Посебно молам за жртвите на таа драматична состојба како и за многуте кои трпат од тоа делување. Од длабочината на срцето на конфликтните страни им упатувам апел да се прекине кругот на омраза и насилство и храбро да се осмелат на помирување и мир. Да изградиш мир е тешко, но да живееш без мир е (вистинско) мачење! – кажа папата Фрањо.

Потоа Светиот Отец додаде дека на 21 ноември на денот на Воведение на Марија во храмот се слави ден pro orantibus посветен на клаузурните монашки заедници. Тоа е прилика – како што рече – да се заблагодариме на Бог за дарот на толку луѓе кои се во манастирите или на пусти места посветени на молитва и делотворно молчење. Да му заблагодариме за сведоштвото на манастирскиот живот и нека не им недостига нашата духовна и материјална поддршка за да го исполнат своето послание – кажа на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот