Папата Фрањо за одбележување на дваесетгодишнината од Теолошкиот факултет во Тривенето во северна Италија, ги повика просветните работници и студентите „да ја прошират Христовата порака во светот, верни на вистинската традиција, но отворени за читање на знаците на времето“.
Папата Фрањо ги повика професорите верно и успешно да ја пренесуваат Христовата порака и посланието на Црквата во современото време.
Ова Светиот Отец го пишува во писмото кое го упати по повод одбележувањето на 20-години од Теолошкиот факултет во Тривенето. Текстот потпишан од Папата на 28 јануари беше испратен до ректорот на факултетот, отец Маурицио Гиролами.
Теолошкиот факултет во Тривенето, чиј центар е во Падова, поврзува мрежа од пет теолошки институти и седум институти за верски студии во северните италијански региони Венето, Фриули-Венеција Џулија и Трентино Алто-Адиџе. Основан е во 2005 година каде што неколку институти нудат академска теолошка формација на мирјани, свештеници, семинаристи и монахињи и монаси.
Во своето писмо Светиот Отец истакнува дека дваесетгодишнината на Факултетот му дава можност „да се приклучи на заедничката благодарност до Господа за доброто постигнато во овие години, посебно за доброто на помладите генерации во регионот“.
Донесување на Христос на светот
„Го охрабрувам“, подвлече Светиот Отец, „целото академско семејство да соработува со посланието на Црквата, да ја шири Христовата порака во светот, верно на автентичната традиција, но отворено за читање на знаците на времето“.
„Ова“, објасни Папата, „значи храбро преземање нови предизвици за да се пренесе успешно вистината на Евангелието до современиот човек“.
За да се постигне оваа цел, Папата го повика Факултетот „да биде уште поважно место за формација не само преку изучување и продлабочување на теологијата, туку и преку христијанското сведочење на секој поединец“.
„Се надевам“, рече тој, „дека учителите посебно ќе им помогнат на младите да се реализираат врз основа на вистината, добрината и убавината кои го имаат својот извор во Бога“.
Со овие чувства, папата Фрањо го завршува папата Фрањо своето писмо, обновувајќи ја својата благодарност за нивното постојано образовно послание и посветеност, притоа ставајќи ги под заштита на Марија, им упати апостолски благослов.
Ватикан њуз/к.мк