Папата до аргентинските свештеници: Бидете понизни бидејќи со горделивоста човекот е поранлив

Папата до аргентинските свештеници: Бидете понизни бидејќи со горделивоста човекот е поранлив

Во четврток, на 16 јануари 2025 година, примајќи ја заедницата на Аргентинскиот свештенички завод во Рим, папата Фрањо ги поттикна да го следат свештеничкиот пример на светиот „Кура Брошер“, аргентинскиот свештеник Јосиф Габриел дел Росарио Брошер, со тоа што ќе се приближат до Господа преку Евхаристијата и преку служење на другите. Светиот Отец исто така ги поттикна да се борат „како пума“ против непријателите на душата

Поздравувајќи ги питомците на Аргентинскиот свештенички завод во Рим кои дојдоа на аудиенција, Светиот Отец потсети на големиот лик на аргентинскиот свештеник свети Јосиф Габриел Брошер, прогласен за светец во 2016 година.

Опишувајќи ја неговата свештеничка душа, Папата спомена дека првата и суштинска точка е изјавата на следбениците и пријателите на Брошер дека „Брошер не може да биде ништо друго освен свештеник“. Затоа Папата истакна:

„Мора цврсто да го усвоиме нашиот свештенички идентитет, прифаќајќи го фактот дека нашиот повик не е додаток и средство за некоја друга цел, иако побожна, како што е да се спасиме. Апсолутно не. Знакот е Божји план во нашиот живот, Бог гледа во нас, се осмелувам да кажам дека тоа е, на одреден начин, љубовта што ја има за нас и таму е вкоренета нашата вистинска суштина.

Толкувајќи им го на свештениците објаснувањето на Брошер за тоа што значи да се прифати „црковна кариера“, Светиот Отец ги поттикна да работат за доброто на другите до последен момент, целосно да се даруваат, принесувајќи му се на Бога во браќата, трошејќи се за Евангелието.

„Во исто време, борбата со непријателите на душата мора да биде како пума што се бори и лежејќи – ако не може да се одбрани на нозе. Односно, грижата за внатрешниот живот и одржувањето на запалениот оган треба да се прави со голема понизност, дури и „лежејќи“, бидејќи ние сме поранливи ако „стоиме“ во нашата горделивост“, рече Папата користејќи цитат од свети Брошер.

Друг важен акцент на Папата беше на свештеничкото братство, првенствено со епископот, кој со собраќата свештеници сака да сподели сè што има, барајќи од нив да водат живот со длабока побожност, со често исповедување еден на друг и така да го споделуваат животот, било да е материјален или духовен и апостолски.

Истакнувајќи го значењето на Евхаристијата на крајот, Светиот Отец спомена примери на Брошеровата љубов и почит кон светотаинската жртва која без да се наметнува, продира во човечките срца посилно од илјада заморни зборови!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот