Кардинал Паролин се сретна со нунциите од Блискиот Исток

Кардинал Паролин се сретна со нунциите од Блискиот Исток

Во соопштението на Светиот Престол се наведува дека кардиналот државен секретар одржал состанок во Аман со папските претставници на земјите од Блискиот Исток, на кој бил упатен повик за прекин на огнот „на сите фронтови“, заедно со желбата за мир на Блискиот Исток.

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, претседаваше со состанокот на 13 јануари со апостолските нунции во регионот на Блискиот Исток во главниот град на Јордан Аман, каде што отпатува за осветување на црквата на Крштението Господово покрај бреговите на реката Јордан.

Според соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделникот вечерта, на состанокот присуствувале папските претставници акредитирани во Кралството Бахреин, Арапската Република Египет, Обединетите Арапски Емирати, Хашемитското Кралство Јордан, Исламската Република на Иран, Република Ирак, Државата Израел, Државата Кувајт, Република Либан, султанатот Оман, државата Палестина, државата Катар, Сириската Арапска Република и Република Јемен.

Во интервју за Ватикан њуз во Јордан по осветувањето на црквата, државниот секретар на Ватикан ги изрази своите надежи за позитивен развој во Сирија и со изборот на новиот претседател на Либан.

Надеж за Блискиот Исток како „земја на мирот“

За време на состанокот, се објаснува во соопштението, „се разговарало за тековните кризи во регионот, политичката и црковната ситуација во секоја земја, знаците на надеж во некои области и тешките хуманитарни услови од кои е погодено најмногу населението зафатени од конфликтите“.

Во соопштението понатаму стои: „Се надеваме дека наскоро ќе дојде до прекин на огнот на сите фронтови и дека Блискиот Исток може да стане земја на мирот, каде што христијаните остануваат суштинска компонента за братскиот соживот меѓу религиите и за напредокот на нивните земји“.

Телефонски разговор со новоизбраниот претседател на Либан

Во исто време, Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека кардиналот Паролин попладнево разговарал со новиот претседател на Либан, Џозеф Аун, кој беше избран на 9 јануари.

„За време на срдечниот телефонски разговор“, се вели во соопштението, „Неговото Високопреосвештенство му честиташе за неговиот избор за Претседател на Републиката и му упати најдобри желби, ветувајќи ми ги неговите молитви.

„Кардиналот Паролин, исто така, изрази задоволство“, се додава, „за брзото именување на премиерот Наваф Салам“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот