За актуелностите и најзначајните моменти од првата енциклика на папата Павле VI „Ecclesiam suam“ која е објавена на 6 август пред 60 години
Дијалогот „не е горделив, не е каустичен, не е навредлив. Неговиот авторитет е неопходен поради вистината што ја открива, поради љубовта што ја шири, поради примерот што го дава; не е заповед, не е наметнување. Тој е мирен; избегнува насилство; е трпелив; великодушен“. Така Павле VI напиша во својата прва енциклика „Ecclesiam suam“, објавена на 6 август пред шеесет години. Овие неколку зборови се доволни за да се разбере исклучителната важност на енцикликата на Монтини, која во целост излезе во ракопис од неговото перо нешто повеќе од една година откако тој беше избран за Папа, за време на одржување на Соборот.
Папата од Бреша го дефинираше Исусовото послание како „дијалог за спасение“, истакнувајќи дека „физички никого не присилува да го прими; тоа е огромно барање за љубов, кое иако претставува огромна одговорност за оние на кои им беше упатено, сепак остави простор слободно да одговорат или да го отфрлат“. Тоа е облик на врска која ја открива „целта на исправноста, почитта, симпатијата, добрината од страна на оние кои ја воспоставуваат; ја исклучува априорната осуда, навредливите и вообичаени полемики, празниот бескорисен разговор“. Не може да не се забележи оддалеченоста од ваквиот пристап од оној кој го карактеририза дигиталниот дијалог од страна на оние кои осудуваат сè и секого со користење говор ој презира и изгледа дека им треба „непријател“ за да постојат.
Дијалогот, кој за Павле VI е својствен за евангелското навестување, нема за цел директно преобраќање на соговорникот – преобраќањето секогаш е дело на Божјата благодат, а не на дијалектичката мудрост на мисионерот и претпоставува „состојба на душата на оние кои…. чувствуваат дека повеќе не можат да го одвојат личното спасение од потрагата за спасение на другите“. Накратко, не можеме сами да се спасиме. Ниту, пак, можеме да се спасиме со поставување огради или затворање во тврдини одвоени од светот за да се грижиме за „чистото“ и за да избегнеме контаминација.
Дијалогот е „спој на вистината со љубовта, разумот со љубовта“. Ова не е поништување на идентитетот на оние кои веруваат дека за навестување евангелието е потребно е да се прилагодат на светот и неговите програми. Не е издигнувањето на идентитетот како одвојување што нè тера да гледаме од високо презир кон „другите“. „Црквата мора да влезе во дијалог со светот во кој се наоѓа; Црквата станува Слово; Црквата станува порака; Црквата станува разговор“, бидејќи „и пред да му се обрати, или поточно кажано да го преобрати, светот мора да ѝ се приближи и да разговара со неа“. А светот, објаснува Павле VI, „не се спасува однадвор“.
Но, првата енциклика на папата Монтини веќе во своите први зборови содржи други скапоцени назнаки за времето во кое живееме. „Ecclesiam suam“, Црквата е „негова“, таа припаѓа на нејзиниот основач, Исус Христос. Не е „наша“, не е изградена од наши раце, не е плод на нашата умешност. Нејазината ефикасност не зависи од маркетингот, внимателно осмислени кампањи, публика или можноста за полнење на стадионите. Црквата не постои затоа што е способна да прави големи настани, медиумски огномет и стратегии за влијание.
На светот му преостанува, преку секојдневното сведочење на многу „сиромашни помазаници“, преобратени грешници, да ја направи видлива убавината на средбата која спасува и дава хоризонт на надеж. На светот е на сите да им понуди можност да се сретнат со Исусовиот поглед.
Ватикан њуз/к.мк