Благодати од живеењето со Евангелието

Благодати од живеењето со Евангелието

Библијата не само што треба да биде на нашите полици, туку треба да навлезе и во нашите срца.

Иако е за пофалба да се има Библијата на нашите полици, дали нејзините зборови ги применуваме во пракса? Дали го живееме Евангелието, а не само да го читаме?

Како што донесува Алетеја, Катехизмот на Католичката црква објаснува: „Во Словото Божјо има толку многу сила и моќ што е упориште и животна сила на Црквата, а за децата на Црквата е јадро на верата, храна на душата. Христовите верници треба да имаат ширум отворен пристап до Светото Писмо“. (ККЦ 131)

Библијата треба да биде водилка во нашите животи, а не нешто што собира прашина.

Книгата „Католички монитор“ од 19 век зборува и за оваа тема:

„Да не се задоволувам со тоа што ја имам [Библијата] или што повремено ја читам. Треба да бидам окупиран со тоа какво место ќе има во моето срце и какви заповеди од неа ќе произлезат. За тоа да размислувам и тоа нека биде како и обично присутно во мојот ум. Така љубовта и стравот Божји ќе се негуваат и силно ќе делуваат во мене, во моето битие, кои ќе ме водат до разни свети разговори и побожности. Од зборот на Неговата уста и под влијание на Неговиот дух, гревот ќе ми стане повеќе омразен, светоста ќе ми биде попривлечна и ќе направам сè славата на мојот Бог и Спасител да биде моја голема и двигателна цел во целиот мој живот. Така ќе можам да го чувам Словото Божјо во моето срце и да се чувам од гревот со мисли, зборови и дела.

Следниот пат кога ќе ја видите Библијата на вашата полица, не ја земајте само за да ја прочитате, туку најмногу уживајте во зборовите и дозволете Божјото Слово да навлезе во вашето срце. Тогаш секој ден ќе можете да дозволите Божјото Слово да биде во секоја ваша постапка. https://hkm.hr/duhovnost/blagodati-zivljenja-po-evandelju/

Алетеија/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот