По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо апелира да молиме за мир, што не е одговорност на неколкумина, а се однесува на ситуацијата во Украина, Палестина и Израел. Ја охрабрува борбата против трговијата со луѓе преку препознавање на достоинството на секое човечко битие.
По молитвата Ангел Господов, во недела 4 февруари 2024 година папата Фрањо повика да молиме за мир, мир по кој светот копнее и кој е загрозен денес на многу места повеќе од кога било. Ова не е одговорност на неколкумина, туку на целото човечко семејство. Сите да соработуваме во неговата изградба со гестови на сочувство и храброст, нагласи Папата и уште еднаш упати апел да продолжиме да молиме за луѓето кои страдаат поради војните, посебно во Украина, Палестина и Израел, и повика да молиме за загинатите и повредените во разорните пожари што го погодија централниот дел на Чиле.
Папата ги поздрави и младите од многу земји кои дојдоа на Светскиот ден на молитва и размислување против трговијата со луѓе, кој ќе се одбележи на 8 февруари, во спомен на света Жозефина Бахита, суданска монахиња која уште како девојче била фрлена во ропство.
Дури и денес, многу браќа и сестри се измамени со лажни ветувања, а потоа се изложени на експлоатација и злоупотреба. Да се обединиме сите во борбата против драматичниот глобален феномен на трговија со луѓе, нагласи Папата.
На крајот посебно ги поздрави посветените мажи и жени од повеќе од 60 земји во светот кои учествуваат на средбата „Ходочесници на надежта на патот на мирот“, организирана од Дикастеријата за институти за посветен живот и општества со апостолски животот.
Ватикан њуз/к.мк