Во недела 31 декември 2023 година, на празникот Свето Семејство, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше света Литургија во капелата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Куманово. Со него сослужуваа протојереј ставрофор отец Марјан Ристов, бискупски канцелар и парохот во Куманово дон Томаш Бак.
На светата Литургија покрај бројните верници од Куманово, присуствуваа и сестри Евхаристинки од Скопје, а една девојка прими светата тајна Миропомазание.
Во својата проповед бискупот Стојанов го посочи светото назаретско семејство како поттик и модел за сите семејства, како слика на семејство каде помеѓу сопружниците се наоѓа Христос Бог. Токму затоа ја нагласи важноста на верноста помеѓу сопружниците која не се постигнува со човечки напор ,туку е плод на Светата Тајна венчание, каде Христос ја зацврстува врската помеѓу мажот и жената.
Свеченоста заврши со заедничко агапе и дружење
к.мк