Папата Фрањо присуствуваше на проекцијата на новиот документарен филм во режија на Евгениј Афинеевски за војната во Украина, кој беше претставен во Ватикан под наслов: „Слобода во пламен: Украинската борба за слобода“.
Папата Фрањо во вторник попладне, на 21 ноември 2023 година, ја посети синодалната сала во Ватикан, каде што беше претставена проекцијата на новиот документарен филм за војната во Украина со наслов: „Слобода во пламен: Украинската борба за слобода“ во режија на Евгени Афинејевски.
На настанот присуствуваа членови на дипломатскиот кор акредитирани во Светиот Престол, меѓу кои и украинскиот амбасадор, како и неколку италијански и меѓународни гости.
Папата остана во салата до крајот на проекцијата, а со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите од војната.
По кратката интервенција на режисерот, Светиот Отец им се обрати на присутните велејќи: „Војните секогаш се пораз“. Ги повика сите да бидат со оние кои страдаат и да молат за мир. Папата потоа поздрави поединечно некои од гостите, а потоа се врати во својата резиденција во Домот Света Марта.
Ватикан њуз/к.мк