Папата Фрањо на крајот од редовната Генерална аудиенција во среда, 13 септември 2023 година одржана на плоштадот Свети Петар повика на молитва за благородниот марокански народ, молејќи го Бога да им даде сила да закрепнат од страшната катастрофа.
По молитвата за жртвите од поплавите во Либија, папата Фрањо рече: „Моите мисли се со благородниот марокански народ кој го погоди земјотрес. Да молиме за Мароко, да молиме за населението. Господ нека им даде сила да закрепнат по таа страшна „заседа“ во која се најде нивната земја“, рече Папата во својот апел.
Скоро 3.000 луѓе загинаа, а повеќе од 5.500 се повредени во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко во петокот вечерта, на 8 септември. Шпанија, Велика Британија и Катар испратија специјални тимови да помогнат во спасувањето и пронаоѓањето на луѓето затрупани под урнатините. Други земји, вклучувајќи ги Италија, Белгија, Франција и Германија, исто така ја понудија многу потребната помош.
Многу жртви живеат во мали села во планинските области до кои е тешко да стигнат спасувачите и хуманитарните работници.
Ватикан њуз/к.мк