Светиот Отец се сретна со претседателството на Американската епископска конференција

Во понеделник, 7 октомври Светиот Отец го прими во аудиенција претседателството на Американската епископска конференција, предводена од кардинал Тимоти Долан, претседател на епископската конференција. Во разговор за Радио Ватикан кардинал Долан ја истакна важноста на средбата со Светиот Отец.

Средбата е многу важна за нас, бидејќи мораме да соработуваме со Апостолската Столица, со Ватикан. На Светиот Отец му кажавме за љубовта, воодушевувањето и благодарноста на американските католици, американскиот народ, посебно епископите. Му кажавме дека сите чувствуваме нова свежина и креативност во Црквата, благодарејќи на неговото водство, а тој се интересираше за работата на Епископската конференција, за работата на католичките училишта, за свештеничките звања, како и за животот на латино-американските доселеници – рече кардинал Долан.

го*ко

Категорија: Свет

За авторот