Папата: Христос се вознесе на небото ја носи нашата човечност пред Бога и се застапува за нас
Во неделата, кога се слави Вознесението Господово во Италија и во многу други земји, папата Фрањо во своето пладневно обраќање пред молитвата Царице небесна одговори на две прашања: Зошто да се слави заминувањето на Исус од земјата? Што прави сега на небото? Во себе го понесе носеше нашето и го донесе пред Отецот и му ги покажува раните на луѓето
Со вознесението се случи нешто ново и убаво: Исус ја понесе нашата човечност, нашето тело во небото – тоа е прв пат – односно го донесе пред Бога. Она човештвото што го зеде на земјата не остана овде; Исус, откако воскресна, не беше дух, не, тој имал човечко тело, месо, коски, сè, таму, во Бога и ќе биде засекогаш.
Така папата Фрањо во своето пладневно обраќање пред молитвата Царице небесна на присутните ходочасници на плоштадот Свети Петар им објасни што е Вознесението Господово, празник што денес се слави во Италија и во многу други земји, и што е добро познато, но може да предизвика прашања: Зошто да се слави заминувањето на Исус од земјата? Неговото заминување може да изгледа како тажен момент, а не нешто на што треба да се радуваме! И второто прашање: Што прави Исус сега на небото?
Небото е местото каде што Исус отиде да го подготви за нас
Во однос на првото прашање, Папата појасни дека, од денот кога Исус се вознесе на небото, самиот Бог се „промени“, оттогаш тој повеќе не е само дух, туку поради тоа колку нè сака, тој во себе го носи нашето тело, нашата човечност. Тоа ни покажува дека нашата судбина е со него, затоа – додаде Светиот Отец – денеска го славиме „освојувањето на небото“; Исус се враќа кај Отецот, но со нашата човечност. И така небото е донекаде наше; Исус ја отвори вратата и неговото тело е таму – посочи Римскиот епископ, а потоа се осврна на прашањето „Што прави Исус на небото.
Тој стои за нас пред Отецот, постојано покажувајќи му ја нашата човечност, покажувајќи му ги нашите рани. Сакам да мислам дека Исус се моли пред Отецот вака, покажувајќи му ги раните: Го претрпев ова за луѓето, направи нешто. Тој му ја покажува цената на откупот. Отецот е трогнат; тоа е нешто што сакам да го мислам. … Но, мислете и вие, така Исус моли; не не остави сами. Навистина, пред да се вознесе кај Отецот, ни рече, како што пренесува Евангелието на денешната литургија: „Јас сум со вас засекогаш – до свршетокот на светот“. Тој е секогаш со нас, нè гледа, секогаш е жив со нас, за да се застапува за нас.
Христос се застапува за нас пред Бога
Затоа Исус е на најдобро место, пред својот и нашиот Отец, да посредува за нас – истакна папата Фрањо, нагласувајќи дека е важно застапништвото. На крајот нè поттикна да не губиме надеж, да не се обесхрабруваме, бидејќи пред Отецот има некој што ги покажува раните на луѓето и посредува.
Ватикан њуз/к.мк