Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, како претседател на Комисијата за семејство и живот при Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ од 8 – 10 мај 2023 година учествуваше на тридневна конференција во Букурешт насловена „Господи, како можеме да го знаеме патот; семејството во Европа денес“ на која се дискутира за улогата и состојбата на семејството во Европа. Конференцијата е во организација на Комисијата за семејство и живот на Советот на бискупските конференции на Европа (CCEE).
На конференцијата на присутните им се обрати епископот Стојанов, а учествуваат околу четириесет делегати од дваесет и две земји и тоа е втора средба на Комисијата за семејство и живот на Советот на бискупските конференции на Европа, по пандемијата на коронавирус. Меѓу останатите говорниците беа, Габриела Гамбино, потсекретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, кардинал Вилем Ајк, отец Хуан Хозе Перез-Соба, професор на Папскиот институт Иван Павле II.
Ватикан њуз/к.мк