Папата ќе ја потпише новата енциклика во Асизи

Папата ќе ја потпише новата енциклика во Асизи

Папата Фрањо во сабота 3 октомври 2020 година ќе го посети Асизи, каде ќе ја потпише новата енциклика со наслов „Сите сме браќа“, која зборува за братството и социјалното пријателство.

Папата во сабота во 15.00 часот ќе престигне во Светиот манастир каде ќе служи света Литургија на гробот на свети Фрањо, а на крајот од светата Литургија ќе ја потпише енцикликата.

Поради здравствените прилики желбата на Светиот Отец е посетата да биде од приватен карактер, без учество на верници. Веднаш потоа ќе се врати во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот