Да не ја изгубиме од вид целта; да ја земеме сегашноста во рака, да не дозволиме да не вовлече во својот вител, туку да го следиме Исус кој е патот до среќата.
Нагласувајќи ги зборовите од Евангелието, во своето пладневнo обраќање на 7 мај 2023 година, папата Фрањо зборуваше за компасот кој треба да го следиме за да стигнеме до местото кое Бог го подготви за нас: да го љубиме Исус, да веруваме во него, да го наследуваме со дела на близина и милосрдие кон другите
Кога стравот ќе ни го стегне грлото, кога сме исцрпени од болест или тага поради загубата на саканата личност, кога сме вознемирени од бурите во животот, кога не опфаќа умор или доживуваме неуспех, често одиме по погрешен пат, бараме безвредни рецепти, се затвораме во осаменост, неспособни да се соочиме со злото кое изгледа поголемо и посилно од се. Напротив, постои Пат, а тоа е Христос.
Бог никогаш никого не напушта
Во своето пладневно обраќање пред молитвата Царице небесна, пред присутните луѓе на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо го повтори поттикот „не бојте се“ што Исус го упати на своите ученици пред својата смрт. Тоа се смирувачки зборови – истакна Папата – кои влеваат сигурност и надеж во нивните вознемирени срца.
Тој не ги остава, туку оди да им подготви место и да ги води кон таа цел. Така, денес Господ на сите ни покажува едно прекрасно место до кое треба да одиме и во исто време ни кажува како да стигнеме таму, ни го покажува патот што води до него.
Не заборавајте за убавината на целта
Светиот Отец продолжи коментирајќи го евангелието од неделната Литургија: Исус оди да подготви место, дом, во куќата на Отецот, каде што има место за секого, каде што секој е добредојден, сакан и утешен од топлината на прегратка. Не се оддели од нас, туку ни го подготвува патот, подготвувајќи ја однапред нашата крајна цел: средбата со Бога.
Кога сме опфатени од замор, кога се чувствуваме изгубени или доживуваме неуспех, да се потсетиме кон што е насочен нашиот живот. Не смееме да ја изгубиме од вид целта, иако денес ни се заканува опасност да ја заборавиме, да ги заборавиме конечните прашања, оние важни прашања: Kаде одиме? Каде не води нашиот пат? За што вреди да се живее? Без овие прашања, животот го сведуваме само на сегашноста, мислиме дека треба да уживаме што е можно повеќе, па на крајот живееме од денес за утре, без смисла, без цел. Нашата татковина е небото (сп. Филипјаните 3,20), да не заборавиме на големината и убавината на целта!
Компас кој води кон небото
Меѓутоа, кога ќе ја откриеме целта, важно е да сфатиме како да стигнеме таму, не дозволувајќи да бидеме дезориентирани или скршени од многуте проблеми, зла што нè измачуваат и избегнувајќи сегашноста да не вовлече во својот вител, бидејќи сме повикан во вечноста. Вера, љубов и милосрдие кон другите, тоа е се што ни треба на тој пат.
Самиот Исус е патот што треба да се следи за да живееме во вистината и да се има живот во изобилство. Тој е патот и затоа вербата во него не е „пакет идеи“ во кои треба да се верува, туку пат што треба да се следи, пат по кој треба да се оди, патување кое треба да се преземе, заедно со него. Тоа значи да се следи Исус, бидејќи Тој е патот што води до вечна среќа. Тоа значи да се наследува, посебно преку дела на близина и милосрдие кон другите. Еве го компасот што треба да го следиме за да стигнеме до небото: да го љубиш Исус, кој е патот, станувајќи знаци на неговата љубов на земјата.
Завршен поздрав
Откако ги поздрави бројните Римјани и ходочасници од повеќе земји, а посебно здружението „Метер“, кое се поsветува на борба против насилство врз децата, и неговиот основач Дон Фортунато Ди Ното и 23 пPапски швајцарски гардисти кои вчера положија заклетва, Светиот Отец спомна како утре во светилиштето Пресвета Богородица на Бројаницата од Помпеја ќе се моли традиционалната молитва, во светилиштето кое блажениот Бартоло Лонго го поsвети на мирот.
Во месец мај да молиме Бројаница, барајќи од Светата Богородица дар на мирот, посебно за напатената Украина. Водачите на народите нека ги слушна желбите на народот кој страда и сака мир!
Притоа, Светиот Отец се осврна и на беатификациите од вчера во Уругвај каде беше прогласен за блажен епископот од Монтевидео Хакинто Вера и во Шпанија каде беше прогласена 22 годишната Марија Кончита.
Ватикан њуз/к.мк