Пред десет години, на 13 март 2013 година, Хорхе Марио Бергољо беше избран за Петров наследник. Ги пренесуваме пораките на верските водачи упатени до папата Фрањо по тој повод
Вартоломеј I., Вселенски цариградски патријарх: Фрањо, сакан брат со кого треба да се сподели „благословениот од“
За вселенскиот цариградски патријарх Вартоломеј I е особена чест и голема радост да му ја честита на „љубениот брат“, папата Фрањо, десетгодишнината од неговиот избор за „прв епископ на нашата сестринска Римска црква“. Во тие десет години, нашето пријателство и соработка, посебно во служба на донесување утеха и мир на сиот Божји народ, како и задачата за промовирање на грижата и заздравување на целото Божјо создание, нè зближија во нашето заедничко убедување и посветеност да го видиме лицето и да га го прифатиме присуството на нашиот Господ Исус Христос во последните меѓу нашите браќа и сестри кои страдаат.
Освен тоа патријархот, истакнува дека ги цени приоритетите на Папата, ја пофалува внимателноста на неговите постапки и се восхитува на напредокот на неговата служба. Се радува што ќе ги сподели следните чекори од „благословениот од“ на Папата, како што се приближува историската комеморација и вонредната прослава на Првиот вселенски собор одржан во Никеја, каде што беа обликувани главните статии на нашата христијанска вера. Ad multos annos, драг мој пријателе! – стои на крајот од честитката на вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Џастин Велби, надбискуп од Кентербери: Папата Фрањо знае да погледне во срцето на човекот и да ги омекне закоравените срца
Во својата порака, надбискупот од Кентербери Џастин Велби истакнува три карактеристики на Папата. Пред се, посебна длабока човечност, кога е вистината во прашање, не прави компромиси и му придава бесконечна вредност на секој човек. Многумина го велат тоа – јас го кажувам тоа – но тој го живее.
Друга работа е значителна отвореност во пристапот кон моралот – забележува надбискупот од Кентербери. Тој се обидува да ги погледне проблемите низ друга призма, на поинаков начин. Можеби тоа е поради неговото Исусовско минато – забележува тој, посочувајќи дека папата Фрањо на проблемите им приоѓа од чуден агол. Ако разговарате со него за многуте проблеми со кои Црквата треба да се соочи, тој гледа во човечкото срце и наоѓа начини на љубов кои успеваат да ги омекнат закоравените делови на срцето.
Третата карактеристика што ја истакна надбискупот од Кентербери е вистинската едноставност на папата Фрањо. Овие три работи: неговата извонредна способност за интелект и карактер, длабочината на неговото срце и неговата едноставност му овозможуваат на посебен начин да допре до оние надвор од Црквата, како што тоа го правеше свети Иван Павле II. Оваа длабочина е благослов за целата Црква, не само за Католичката црква – истакнува надбискупот од Кентербери.
Рикардо ди Сегни, главен римски рабин: Папата Фрањо, посебен пријател на еврејскиот народ
Главниот рабин на еврејската заедница во градот Рим му честиташе на папата Фрањо за десет години понтификат, задржувајќи се на симболиката на бројот десет. Бројот 10 е важен, симболичен, тој е основата на нашиот систем на броење; има десет прсти на рацете, но бројот 10 ги потсетува оние кои ја проучуваат Библијата на Десетте заповеди, ги потсетува и на десетте основни зборови со кои е создаден светот, а биле десет исто така – според Мојсеј – при бунтот на Израелскиот народ за време на нивниот престој во пустината. Затоа, бројот 10 нè потсетува – библиски кажано – на темелите на однесувањето, а понекогаш и на желбата да се ослабат овие темели.
Главниот римски рабин му посака на папата Фрањо многу здравје, сила и пред се мудрост да продолжи да ја води својата заедница со силата и мудроста со кои ја водеше до сега. Тој, исто така, посака Папата да продолжи да го негува посебниот однос на пријателство со еврејскиот народ.
Ахмад АлТајиб, Големиот имам на Ал-Азхар: Папата Фрањо, голем промотор на мирот и братството
Големиот имам на Ал Азхар, Ахмад Ал Тајиб, во честитката до папата Фрањо, истакнува дека со гордост го цени патот на Папата во изминатите десет години, во текот на кое изгради мостови на љубов и братство меѓу сите човечки суштества, како и неговите неуморни напори за промовирање на вредноста на човечкото братство и воспоставување дијалог меѓу следбениците на религиите, како основа за постигнување на мир по кој сите копнееме.
Брате мој, папа Фрањо, нашиот свет денес е полн со предизвици, конфликти и тешкотии на сите морални, економски и социјални нивоа, што ги зголемува страдањата на многу луѓе – пишува големиот имам и истакнува – поради тоа е голема одговорноста на лидерите и доследните луѓе како тебе да ги ублажат страдањата на луѓето и на сите угнетени.
Го молам Бога да ги благослови вашите напори во барањето мир и да ни помогне заедно со вас и со сите оние кои го сакаат доброто, како и со луѓето со добра волја, да ја исполниме нашата верска и морална должност за промовирање мир и зајакнување на меѓусебното познавање и солидарност.
Посакувајќи му на папата Фрањо добро здравје, благосостојба и среќа, големиот имам истакна дека со задоволство ја прифаќа секоја иницијатива за заедничка работа за остварување на човечкото братство за да преовладуваат безбедноста, мирот, соживотот и стабилноста во нашиот свет.
Ватикан њуз/к.мк