На вториот ден од Божиќ, 8 јануари 2023 година кога Црквата го слави празникот на Светото Семејство и Соборот на Пресвета Богородица, епископот Стојанов служеше во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово, додека на 9 јануари 2023 година, на третиот ден од празникот Рождество Христово – свети Првомаченик и архиѓакон Стефан ја посети парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ каде исто така служеше света Литургија.
Во двете парохии епископот Стојанов одржа пригодни проповеди и присуствуваше на божиќните приредби, кои без изведени од веронаучните групи.
За време на престојот во овие парохии епископот Стојанов посети неколку семејства во кои има болни, стари и изнемоштени лица.
Ватикан њуз/к.мк