Во новата книга Папата ја коментира војната во Украина, а на „локалните, националните и светските власти“ им порачува: „Барам, во име на Бога, да престане суровото лудило на оваа војна“. Сметам дека нејзиниот развој во наше време е вистински политички неуспех“.
Во новата книга Светиот Отец се занимава со прашањето за војната: „Не смееме да ги затвориме очите пред фактот дека Дамокловиот меч за масовно уништување, како нуклеарното оружје, виси над човештвото“.
Папата Фрањо повторно се изјасни против идејата за праведна војна и повика на глобален мир. Во книгата што е објавена во вторник 18 октомври 2022 година во Италија, Папата пишува дека вооружениот конфликт е секогаш несоодветен одговор на спротивставените интереси.
Книгата е насловена Vi chiedo in nome di Dio. Dieci preghiere per un futuro di speranza (Ве молам во името на Бога. Десет молитви за иднина со надеж), објавена од италијанскиот издавач Piemme. Уредник е аргентинскиот телевизиски новинар Хернан Рејес Алкаид, кој објави претходно во 2019 година книга со интервјуа со Папата. Темата тогаш беше Латинска Америка.
Во новата книга Папата ја коментира и војната во Украина, а на „локалните, националните и светските власти“ им порачува: „Барам, во името на Бога, да престане суровото лудило на оваа војна“. Сметам дека нејзиниот развој во наше време е вистински политички неуспех“. Папата Фрањо повторно зборува за Трета светска војна: „Ние живееме во Трета светска војна во делови, која се заканува да стане уште поголема и поголема, додека не добие форма на глобален конфликт. Не постои околност било која војна да се смета за праведна“, заклучува Папата.
„Војната исто така е неефикасен одговор: таа никогаш не ги решава проблемите кои треа да се надминат“. Да наведам неколку современи примери, дали на Сирија Јемен, Либија им е подобро сега отколку пред конфликтот?“, праша папата Фрањо.
Папата во книгата остро го критикува и поседувањето нуклеарно оружје и нуклеарното одвраќање. „Не смееме да ги затвориме очите пред фактот дека Дамокловиот меч за масовно уништување, како нуклеарното оружје, виси над човештвото. [ … ] Мора да се запрашаме: Кој го поседува ова оружје? Кој го контролира? Како можеме да ја запреме спиралата на логиката за нуклеарното оружје, која служи како одвраќање?“
Во овој контекст, папата Фрањо потсетува дека папата Павле VI. (1963-1978) во корен го осуди нуклеарното оружје како зло за човештвото.
Ватикан њуз/к.мк