Папата на аудиенцијата со сестрите на христијанската љубов: Вие сте незаменлива присутност во Црквата
Папата Фрањо ги прими во аудиенција на 11 октомври Дружбата на сестрите на христијанската љубов кои се собраа заради 21 генерално собрание.
Светиот Отец се присети дека поглаварката во заминување, с. Нунција Де Гори кога побара аудиенција со него истакнала дека нивнот генерално собрание се поклопува со почетокот на синодата. „Ќе бидеме во заедништво со целата црква и со Вас,“ порача тогаш таа. Папата на сестрите најпрво им се заблагодари за молитвите со кои го придружуваат синодското патување и истакна дека растот на Црквата во синодалноста е силен поттик и за институциите на лицата со посветен живот. Вие монахињите сте незаменлива присутност во ова голема патувачка заедница која е Црквата, рече Папата. Потсетувакќи се на сликата на Исус кој со учениците патуваа, а меѓу нив имало и многу жени. Сакам да помислам дека вие монахињите сте продолжеток на тоа женско присуство кое одело со Исус и дванаесетмината, делејќи го посланието и давајќи го својот личен придонес, истакна Светиот Отец.
А вие сестри на христијанската љубов на кој начин поконкретно учествувате на овој пат? Кој е вашиот личен придонес? Тие се прашањата кои Папата им ги постави на присутните монахињи истакнувајќи дека нема готови, однапред одредени одговори, меѓутоа од темата за нивното генерално собрание можат да го пронајдат одговорот. Темата гласи: „Да тргнеме од ново од Витанија со грижата на Марта и слушањето на Марија.“
Истакнувајќи го присуството на тие две жени, ученички кои имале многу важно место во животот на Исус и дванаесетмината, Папата рече дека тоа го потврдува нивното живо присуство во Црквата – најпрво како жени и крстени, односно како Исусови ученички, учествувајќи во заедништвото и посланието. Никогаш не смееме да го заборавиме темелот: крштението. Тоа е коренот на сѐ нагласи Папата. Појдувајќи од тој корен, Бог направи во вас да расте билката на посветениот живот, според харизмата на основачката на Дружбата света Ивана Антида, рече Светиот Отец.
Сепак, темата на собранието зборува и повеќе од тоа, со зборовите „грижа“ и „слушање“. Сигурен сум дека ако навистина успеете да се грижите и да слушате по примерот на светите сестри Марта и Марија од Витанија, ќе продолжите да го давате својот скапоцен придонес на патувањето на целокупната Црква. Конкретно во грижата и слушањето на сиромашните. На ова подрачје сте стручни, рече Светиот Отец. Не само со зборови, туку со дела, додаде, присетувајќи се како во историјата многу нивни сестри го дале животот за грижата и слушањето на старите, болните и маргинализираните, во близина со најмладите, најмалите, со Божјата нежност и сочувствување. Тоа ја гради Црквата, истакна Папата и ја поттикнува да оди по патот на Христос кој е патот на милосрдието. На тоа вас од срце ви благодариме, им рече на сестрите папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк