Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин упати видео порака на Генералното собрание на Обединетите нации и во неа допира разни теми – од пандемијата до нуклеарното разоружување.
Многу државни лидери се собраа во Њујорк на заседавањето на Генералното собрание на ООН, каде зборуваат на тема „Градење на отпорноста преку надежта.“
Градот Ватикан има статус на постојан набљудувач во Обединетите нации и учествуво на заседанијиата со делегат и видео порака.
Кардиналот Пиетро Паролин во име на папата Фрањо до учесниците упати поздрави во видео пораката објавена на 26 септември.
Со помирувањето може да постои подобра иднина
Пораката започнува со размислувањето на кардиналот за разликите меѓу надежта и оптимизмот. Како што кажува, оптимизмот е пасивно очекување за подобрување, додека надежта бара од нас активен одговор за да решиме голем број проблеми со кои светот се соочува.
Надежта нѐ движи кога проблемите и несогласувањата изгледаат нерешливи, го олеснува простувањето, со свесност дека со помирувањето може да постои подобра иднина, рече кардинал Паролин
Обнова на братската солидарност и здравствените системи
Освнувајќи се на актуелната пандемија со Ковид-19, повика на обнова на братската солидарност. Пандемијата во многу држави ја покажа потребата за обнова на здравствените системи, заради кои многумина останаа без потребната грижа, а во сиромашните држави и без вакцини.
Дури и денес многумина немаат пристап до тестирањето, до основната грижа, до вакцините или пак до енергетската инфраструктура која би овозможила таква грижа, рече во пораката кардиналот.
Повторно разгледување на економските системи
Понатаму, државниот секретар го истакна податокот дека светот заради коронавируот загуби пет години напредок според списокот на 17 цели на ООН за одржлив развој кои би требало да се остварат до 2030.
Ги повика светските лидери нека повторно ги разгледаат економските системи кои ги експлоатираат луѓето и животната средина во име на профитот, што воедно е и темата со која ќе се занимава претстојниот Коп26 самит за климата во Глазгов.
Одамна дојде времето за дејствување за да ја спасиме земјата. Повикани сме да ја зајакнеме таа амбиција затоа што како што рече кардинал Паролин, моментално ги доживуваме последиците од децениска неактивност, во облик на поплави, огнени садови, топење на глечерите, повлекување на крајбрежјето, неисхранетост и респираторни заболувања поради високите температури.
Војна и несебичност
Војната, продолжи каридналот ја згасна надежта и стремежите на многу млади луѓе во делови на светот кои се преплавени со конфликти. Се присети на неодамнешниот преврат во Авганистан и политичките тензии во Либан и Сирија.
Државниот секретар го повтори и повикот на папата Фрањо и генералниот секретар на ООН на глобален прекин на огнот
Хемиското, нуклеарното и друго оружје за масовно уништување создава „етос на страв кој се темели на меѓусебното уништување и ги труе односите меѓу луѓето, пречи на дијалогот и ја поткопува надежта.“
Папата, додаде кардинал Паролин, смета дека еден од корените кои предизвикуваат војна и конфликти е кризата на меѓучовечките односи. Тоа е резултат на животните стилови во кои доминира себичноста и културата на отфрлање. Многу луѓе се злоупотребени, искористени, игнорирани или убиени како последица на себичноста и занемарување на човечкото достоинство. Меѓу нив се бегалците и мигрантите, старите лица, невините, неродените деца, како и верниците кои трпат вознемирување или уште полоши работи заради верата.
За „новите права“
Кардинал Паролин исто така говореше против наметнувањето на новите толкувања на постоечките човечки права, одвоени од нивните универзални вредности.
Во многу случаи „новите права“ не само што се во спротивност со вредностите кои би требало да ги поддржуваат, туку се наметнати и покрај недостатокот на било каков објективен темел или меѓународен консензус, рече Паролин. Светиот Престол верува дека лишувањето на човековите права од нивната изворна универзална димензија, тоа ново делумно толкување, за жал станува идеолошко мерило на лажниот „напредок“ и уште еден простор за поларизација и поделба.
Отпорноста, нагласи државниот секретар мора да се гради преку братството, надежта и консензусот на ниво на меѓународните тела, со заштитата на човековите права и основните слободи, вклучувајќи го правото на живот, совест и вероисповед.
Ватикан њуз/к.мк