Светиот Отец Фрањо одговори на отвореното писмо на италјанскиот писател Маурицио Магијани за исправноста на создавањето уметност со работа на робови.
Магијани – писател на љубовни романи неодамна открил дека неговите книги се печатат искористувајќи ги луѓето во Пакистан кои работат во ропски услови.
Затоа во весникот Il Secolo XIX објави отворено писмо упатено до папата Фрањо во кое го постави прашањето: „Се исплаќа ли да се создава убавина благодарение на робовите?“
Писателот кој се смета за неверник, признава дека му се обратил на Папата меѓу останатото и како морален авторитет затоа што меѓу младите колеги наишол на рамнодушност кон тој проблем. Со Папата сакал да го сподели срамот кој го доживеал со спознанието дека објавувањето на неговите дела поминало низ фабрика која судството ја обвинило за брутално искористување на пакистанските работници за криминална работа.
Папата го прифати повикот и одговори со писмо датирано од 9 август. Го пофалува Магијани за храброто соочувањето со проблемот за кои „многумина молчеле“. „Погоден сум од вашите зборови“, пишува Папата. „Вашето прашање не е бесмислено затоа што се работи за човечкото достоинство, достоинството кое денес премногу често и лесно се гази, со ропска работа и тивко соучество на многумина.“
Светиот Отец потсети дека во првите денови по затворањето по воведувањето на анти-епидемиските мерки се откри дека многу храна се произведува благодарение на работниците кои немаат ниту основни права.
Вели дека прашањето на Магијани открива уште повидлива точка . „Дури и книжевноста – лебот на душата и израз на човечкиот дух – е ранета од ненаситноста на експлоатацијата која се случува во сенка, бришејќи лица и имиња.“ Мислењето е дека „објавувањето на убави и поучни текстови со создавање неправда е инхеретно неправеден чин.“ Додаде дека „за христијанинот секој облик на искористување е грев.“ Сепак напиша „откажувањето од убавината би бил облик на повлекување кој исто така е неправеден – изоставување на доброто.“
Папата го повика Магијани заедно со сите од подрачјето на книжевноста да преземат мерки против ропската работа при печатењето на книгите. „Во секој случај, пенкалото или тастатурата ни нудат друга можност: со известувањето и пишувањето на непријатни работи можат да нѐ истресат од рамнодушноста, да ни ја поттикнат совеста.“
Светиот Отец додаде дека го сака Достоевски „не само заради неговото длабоко читање на човечката душа и неговите религиозни чувства туку и заради изборот да ги раскаже сиромашните животи, понижените и повредените. Денес многумина се понижени и повредени, но кој го подига гласот? Кој ги прави протагонисти, додека парите и интересите доминираат?“ За тие теми пишува и Магијани како што самиот напиша во писмото на Папата кој за тоа го пофали.
Исто така папата Фрањо ја искористи приликата и ги повика сите да се откажат не од култунрите работи и литературата, туку „ставовите и намерите за кои … откриваме дека промовираат изопачена манипулација искористувања кои шетатат на достоинството на нашите браќа и сестри.“
Му се заблагодари на италјанскиот писател што му го сврте вниманието на тој важен проблем како и за неговото „корисно известување“. „Ви благодарам на сите кои преземаат добри откажувања и упатуваат на приговорот на совеста заради промовирање на човечкото достоинство“, напиша Папата. Порача дека е потребна храброст за осуда на механизмот на смртта и откажување од положбата и погодностите за да се направи место за оние кои нема простор – „да се успее да се каже не за поголемо да“.
Ватикан њуз/к.мк