Нунцијо Скарано не е епископ, туку поранешен финансиски ревизор

Рим, 28.6.2013 /к.мк/ – Италијанските медиуми во петок 28 јуни пренесуваа погрешни информации дека јавното обвинителство покрена истрага против архиепископот од Салерно, кој е обвинет за измама и корупција. Италијанската Архиепископија од Салерно ги отфрли обвинувањата, давајќи на знаење дека медиумите ги помешале работите: Скарано не е архиепископ од Салерно. Името на архиепископот од Салерно сепак е Луиџи Морети и против него не се води никаква истрага.

Италијанските власти водат истрага против поранешен финансиски ревизор во АПСА (Управа за наследство на Апостолската Столица), монсињор Нунцијо Скарано, кој пред повеќе од еден месец е суспендиран од функцијата.

Во продолжение текстот од соопштението од Ватикан, испратено од директорот на Ватиканскиот прес центар, о. Федерико Ломбарди.

Како што е веќе познато од изминатите неколку дена, монсињор Нунцијо Скарано е суспендиран од должност на АПСА пред повеќе од еден месец, веднаш штом неговите претпоставени беа информирани дека тој е под истрага.

Ова е во согласност со правилникот на Римската Курија, која поради претпазливост одредува суспензија за лица против кој е покрената кривична постапка.

Светата Столица се уште нема добиено никакво барање од надлежните италијански власти за ова прашање, но ја потврди својата подготвеност да соработува целосно.

Ватиканските надлежни органи се запознати со проблемот и доколку има потреба ќе преземат соодветни мерки кои се во нејзина надлежност.

(го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<