Светиот Отец во сабота 12 декември 2020 година ги прими во аудиенција промоторите, организаторите и изведувачите на Божиќниот концерт во Ватикан, промовиран од Конгрегацијата за католичко образование, чии приходи ќе бидат донирани на Папската фондација „Scholas Occurrentes“ и салезијанската фондација „Missioni don Bosco“ – објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Улогата на уметноста во ваков критичен историски момент во кој живееме, нападната од пандемија поради која преку страдањата откриваме дека сите сме зависни едни од други – е главната мисла на говорот на папата Фрањо пред уметниците кои ќе настапат на овогодинешниот Божиќен концерт во Ватикан „Оваа година, Божиќните светла се малку побледи и се поттик за молитва и сеќавање на многу луѓе кои страдаат од пандемија“ – рече Папата.
Уметничкото творештво, перцепцијата и размислувањето за убавото, има три „поттици“ во себе. Првиот е „чувствителниот“, кој произлегува од воодушевувањето; другиот ја допира внатрешноста и човечката душа будејќи спомени, сцени и чувства; а третото е чувство на надеж, кое се шири на околниот свет. Тогаш надворешниот поттик и внатрешниот се спојуваат и влијаат на социјалните односи; создаваат емпатија способна да го разбере другиот, со кого имаме многу заедничко. Тоа е нова општественост која не само што е некако отрпилика изразена, туку се перципира и споделува со другите.
„Од овој трикратен поттик разбуден од уметноста, односно воодушевувањето, личното откривање и споделувањето со другите, произлегува чувство на мир што нè ослободува од каква било желба за надмоќ над другите“ – рече Папата, повикувајќи се на сведоштвото на свети Фрањо од Асизи, што ни помага да живееме да ги сфатиме тешкотиите на последните и нѐ поттикнува да живееме во хармонија со сите. Во хармонија што е поврзана со убавина и добрина “.
„Врската помеѓу хармонијата, убавината и добрината има корени во Книгата Битие, во која ја наоѓаме придавката„ добро “, што на еврејски има пошироко значење и значи ‘складно“, објасни Папата. „Од убавината на сè што е создадено, се сфаќа и нашата улога во светот пред таа огромна величина. Уметниците се свесни за тоа, рече папата Фрањо, оние кои, како што рече Свети Иван Павле II, чувствувајќи ја во себе божествената искра на уметничкиот повик, повикани се да не ја упропастат, туку да ја развиваат и да ја стават во служба на својот ближен и на целата човечки род.
„Свети Павле VI. пак во познатата порака од 8 декември 1965 година, на крајот на Вториот ватикански собор, ги нарече уметниците вљубеници во уметноста и истакна дека на светот му треба убавина за да не падне во очај. И во изгубеноста предизвикана од пандемијата, вашата креативност може да создаде светлина“, рече Светиот Отец. „Кризата ги прави уште потемни сенките на затворениот свет и ни изгледа дека ја прикрива божествената светлина, светлината на вечноста. Да не паднеме во таа заблуда. Да ја бараме светлината на Христовото раѓање; ја победува темнината на тагата и темнината.
На крајот, Папата им се заблагодари на уметниците, тимот – како што ги нарече – чуварите на убавината на светот, за нивната солидарност, што е уште позабележително во денешно време.
На крајот, тој заклучи дека нивниот „повик е важен и тежок и бара чисти и несебични раце за да се пренесат вистината и убавината“. И двете влеваат радост во нашите срца и се скапоцен плод кој одолева на исцрпеноста со текот на времето и ги обединува генерациите, овозможувајќи им да комуницираат со воодушевување. Денес како тогаш, таа Убавина ни се појавува во понизноста на јаслите. Денес, како и тогаш, го славиме со душа полна со надеж“.
Ватикан њуз/к.мк