Папата Фрањо на 23 ноември го прими новиот префект на Конгрегацијата за прогласување на свети, бискупот Марчело Семераро и одобри осум декрети за чуда и херојски крепости, вклучувајќи 127 Шпанци – соопшти на 24 ноември.Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Меѓу нив е и признавањето на чудата на италијанскиот слуга Божји Марија Цицерио, свештеник на Миланската надбискупија (1900 -1945), со што е отворен патот за негова беатификација. Признато е мачеништво на Шпанецот, слугата Божји отец Хуан Елијаи Медина и неговите 126 другари – свештеници, монаси и лаици од бискупијата Кордоба, убиени од омраза кон верата во Шпанската граѓанска војна (1936 и 1939), кои ќе бидат прогласени за блажени.
Папата, исто така, одобри шест декрети на Конгрегацијата за херојските крепости на слугите и слугинките Божји, што ги прави да бидат чесни слуги Божји. Тоа се италијанскиот бискуп Фортунато Марија Фарина, шпанскиот свештеник Андрес Манжон, италијанскиот свештеник Алфонсо Уголини и италијанските монахињи сестра Марија Франческа Тики, сестра Марија Карола Сечин и сестра Марија Франческа Џијането.
Монсињор Марчело Семераро во средината на октомври ја презеде службата префект на Конгрегацијата за прогласување на блажени и свети од кардинал Џовани Ангел Бечиу, кој се повелече од таа функција на 24 септември.
Ватикан њуз/к.мк