На крајот од генералната аудиенција во среда 16 септември 2020 година папата Фрањо го спомна убиениот италијански свештеник дон Роберто Малгесини.
Во овој час сакам да го спомнам дон Роберто Малгесини, свештеник на бискупијата Комо, кој вчера наутро е убиен од човек, на кој тој му помагал, бил ментално болен – рече Папата.
Во овој момент би сакал да го споменам Дон Роберт Малгесини, свештеник на бискупијата Комо, кој беше убиен вчера утрото од лице во неволја, на кое и самиот му помагал и кој е психички болен – рече Папата.
– Ја споделувам болката и тагата и се придружувам на молитвата на членовите на неговото семејство и заедницата на бискупијата Комо и, како што рече неговиот бискуп, го славам Бога за сведочењето, односно за мачеништвото на овој сведок на милосрдието кон најсиромашните. Да молиме во тишина за Дон Роберто Малгесини, како и за сите свештеници, монахињите, лаиците кои работат со луѓе во неволја и отфрлените од општеството – рече Папата како дел од поздравот до италијанските верници за време на Генералната аудиенција.
Италијанскиот свештеник Роберто Малгесини беше пронајден мртов во раните утрински часови во понеделникот, во близина на неговата парохија, во италијанскиот град Комо. Педесет и едногодишниот Малгесини беше познат по грижата за бездомниците и мигрантите во бискупијата Комо – Италија.
Свештеникот починал како резултат на убодите од нож, а убиството го признал 53-годишен Тунижанец, кој и се предал на полицијата. Убиецот е ментално болен и го познавал лично Малгесини кој му обезбедил соба за спиење затоа што Тунижанецот е бездомник.
Ватикан њуз/к.мк