Во недела 13 септември 2020 година во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица, Невенка и Трајко Георгиеви прославија 50 години од склопувањето на венчанието при што ги обновија брачните завети и примија благослов за понатамошниот живот. Во честитката од свештениците о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев им посакаа уште долги години да му служат на Господ. Од името на целата парохиска заедница во знак на благодарност им беше подарена икона со Господ Исус Христос.
Невенка и Трајко Георгиеви, склопија христијански брак на 6 септември 1970 година во катедралната црква „Успение на Пресвета Богордица“ – Струмица од страна на о. Ванчо Стојанов. Во нивниот 50 годишен брак имаат две деца, од кои пак имаат четири внуци и две правнуки.
Од основањето на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица Трајко Георгиев, на волонтерска основа постојано се грижи за уредувањето и убавината на Божјиот храм. На многаја и благаја лета.