Како и секое лето, папата Фрањо прави пауза од јавните средби, па така во месец јули ќе изостане и Генералната аудиенција во среда.
Исто така од септември нема да ги има вообичаените јавни свети Литургии во домот „Света Марта“. Папата светите Литургии ќе ги слави приватно, а содржината од неговите проповеди нема да се објавува.
И покрај паузата Папата ќе продолжи со молитва Ангел Господов во недела напладне. Тоа ќе го прави како и од почетокот на неговиот понтификат, на плоштадот Свети Петар, и ја прекина праксата на своите претходници кои во тој период престојувале во Кастел Гандолфо.
За сега Светиот Отец нема потврдено никакви состаноци заради пандемијата со коронавирусот.
Ватикан њуз/к.мк