Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и ватиканските медиуми за времето по пандемијата
Во Рим на 9 јуни се одржа средба на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и ватиканските медиуми за подготовка на локалните Цркви за времето по пандемијата со коронавирусот.
Меѓусебното делење на информации, но и подготовка на заеднички став за да се гради иднината по пандемијата; обликување на клучните теми кои можат да се споделат со целото човештво започнувајќи од претпоствката дека- како што вели папата Фрањо – сè е поврзано. Тие се цели кои Црквата ги гледа во прв план преку Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и Ватиканската комисија за Ковид-19 кои Папата ги основа ад хок, за кои се разговараше на средбата. На средбата присуствуваа и префектот на Дикастеријата кардиналот Петер Турксон, потсекретарот монс. Сегундо Тејадо Муноз и главниот секретар на Меѓународниот Каритас Алојсиј Џон.
Пандемијата е светски настан кој ја разби нејасната рамнотежа на многу кревката меѓународна шаховска табла која ги вклучува сите реалности и сектори. Црквата заради таа ситуација чувствува уште поголем предизвик за делување на пет континенти преку акција која би била уште пораширена и способна да ги достигне најсиромашните реалности. Важно е делувањето на Каритас кој со локалните Цркви промовира проекти за помош. Првата цел е да им се врати на луѓето достоинството, обезбедувајќи им храна, здравствен и хигиенски материјал. Потоа да се обезбедат информации кои се потребни за запирање на вирусот. Хоризонтот кон кој треба да се гледа и истовремено врската која треба што посилно да се држи е братството односно чувството на припадност на едно човечко семејство кое овозможува колективно и лично ангажирање.
„Ја пронајдов врската помеѓу Бенедикт XVI и папата Фрањо“, рече кардиналот Турксон во разговор за Радио Ватикан и истакна дека „Бенедикт во својот говор за надежта кажува дека да се зборува за надежта значи да се зборува за иднината и не може да се зборува за иднината, а да не се зборува за Бог, што неминовно води разговор за човекот. Од тие претпоставки се развива на 5 континенти делувањето на локалните Цркви и Каритаси. Се работи за достоинство, информации и братство.
Папата Фрањо на 20 март побара од Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој да основа Комисија во соработка со другите Дикастерии на Римската курија и другите установи за да се изрази загриженоста и љубовта на Црквата за целото човечко семејство во однос на пандемијата од коронавирусот, посебно преку анализа и размислување за општествено-економските и културните предизвици за иднината и преку предлог насоките за соочување со нив.
Ватикан њуз/к.мк