На социјалните мрежи сестра Климентина моли Света Бројаница со деца и млади

На социјалните мрежи сестра Климентина моли Света Бројаница со деца и млади

Сестра Климентина Стојанова, од Општеството на Сестрите Евхаристинки, преку социјалните мрежи ги анимира децата и младите да молат Света Бројаница посебно во месец мај, месец посветен на Пресвета Богородица.

Сестра Климентина, доаѓа на идејата кога поради пандемијата со коронавирусот не е возможно да се оствари собирање на Црквата за молитва, но затоа се послужува со модерните средства за комуникација за да ги анимира и поттикне младите и децата на молитва, посебно на Света Бројаница. Секој ден различни деца по пет деца и млади во две групи, зависно од возраста виртуелно се собираат во група за да ѝ се обратат на Пресвета Богородица молејќи света Бројаница. Таа вели: „Светата Бројаница нема граница, деца и млади се вклучуваат од сите страни од светот, од Германија, Словенија, Канада.“

Сестра Климентина сподели колку многу кај децата и младите предизвикува голема радост тоа молитвено заедништво, собирајќи се во името на Бог. Навистина воодушевува деца да одделат од своето време за молитва.

Сите кои сакаат да бидат дел од оваа молитвена иницијатива можат да ја контактираат сестрата, на нејзиниот фејсбук профил Katerina Stojanova.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот