По повод 100 годишнината од раѓањето на свети Иван Павле II која се одбележува на 18 мај, Ватиканската издавачка куќа објави книга „100 години. Зборови и слики“, во која се објавени избор од неговите текстви и фотографии.
Предговорот за таа книга која е посебно наменета за децата и младите го напиша папата Фрањо. Свети Карол Војтила го опишува како сведок на Евангелието кој откако го загубил целото семејство многу пропатил во младоста, а како Папа покажал дека и покрај тешкотиите може радосно да се чекори по патеките на светот.
Светиот Отец исто така истакнува дека стрдањето кое го проживеал целосно доверувајќи се на Господ, го обликува папата Иван Павле II и уште повеќе му ја зајакнало христијанската вера која со воспитанието ја примил во семејството. Бил исклучителен воспитувач на многу млади кои преку него како млад свештеник успеале на патот на конкреното, со сведочење на верата која се живее во секој животен момент – вели Папата.
Во предговорот насловен „Благодарни во сеќавањето на светиот сведок“, папата Фрањо изразува надеж дека таа книга ќе дојде во рацете на многумина, посебно млади. Потсети притоа на повикот на светиот папа Полјак по повод неговиот избор за римски епископ дека да не се плашиме ширум да ја отвориме вратата за Христос. Освен тоа истакнува дека свети Иван Павле II преку целиот свој живот нè учел дека и покрај тешкотиите, радосни да чекориме по патиштата на светот, следејќи ги стапките на великаните кои ни претходеле, сигурни дека не сме и дека никогаш нема да бидеме сами и тоа секогаш негувајќи посебна врска со нашата небесна Мајка Марија, Мајка на нежност и милосрдието.
Освен тоа, Папата светиот Карол Војтила го претстави како голем сведок на верата, голем човек на молитвата и сигурен водач на Црквата во времето на големите промени. Потсетува исто така на неговите енциклики на пример „Redemptor Hominis“ за Исус – Спасител на човекот, „Dives in Misericordia“ за Божјото милосрдие, „Dominum et Vivificantem“ за Светиот Дух, „Redemptoris Mater“ за Марија во животот на Црквата, не занемарувајќи ја притоа важноста на социјалните енциклики и скапоцениот дар на Катехизмот на Католичката Црква кои ни ги остави папата Иван Павле II.
Папата Фрањо во предговорот се присетува и на атентатот од 1981 година кога тој светец ја пролеа својата крв за Црквата и ни посведочи дека и во тешкото искушение на болеста може да се остане радосен и свој доколку секојдневно ја живееме во единство со Бог Кој го создал човекот и даде да биде распнат за нашето спасение. Може да се радуваме во сигурноста на средбата со воскреснатиот Исус – порача Папата и завршува: Свети Иван Павле II бил голем сведок на Божјото милосрдие и убаво е да се потсетиме на него, на едноставен начин петнаесет години по неговата смрт, кога има многу деца и млади кои не го запознале или имаат само неколку нејасни спомени на него од детството.
Ватикан њуз/к.мк