Папата Фрањо: Свештеникот не смее да се изолира, треба да живее со народот

Има многу горчина која можат да ја почувствуваат свештениците, чиј што повик и понатаму кај луѓето поттикнува помирување. Тоа е една од мислите содржани во говорот, кој во четврток 27 февруари го прочита Папскиот викар за Римската бискупија кардинал Анџело Де Донатис, за време на покорничката богослужба со римските свештеници, одржана во базиликата Свети Иван Латерански. Папата не присуствуваше на таа традиционална средба поради „лесна спреченост“.

Свештениците треба да бидат луѓе на надеж, кои ја препознале својата огорченост и ја преобразиле – истакува папата Фрањо, кој во својот говор длабоко ја проучува огорченоста која може да се вовлече во животот на еден свештеник како „вирален непријател“ кој пронаоѓа начини да се прекрива како паразит. Претежно станува збор за огорченост во однос со верата, со епископот, со браќата свештеници.

„Духовност на приговорот“

Во коренот на огорченоста во однос кон верата се наѕира разочараната надеж. Надеж која најверојатно е заменета со очекувања. Христијанската надеж, имено, не разочарува – истакна Папата – затоа што да се надеваш не значи да се убедиш дека работите ќе појдат на подобро, туку дека сето она што се случува има смисла во поглед на Воскресението. Меѓутоа за негување на надежта потребен е силен молитвен живот, ставајќи се под светлото на Божјото Слово.

Повеќе од пасторалните разочарувања односот со Бог може да биде причина за огорченост – истакна Папата. Кога ни изгледа дека Тој не ги почитува очекувањата на исполнет и избилен живот кои сме ги имале на денот на ракополагање (…). Можеби сме „предобри“ свештеници во својот однос со Бог, па не се осудуваме да протестираме во молитвата како што тоа многу често го прави псалмистот, и тоа не само заради нас самите, туку и заради нашиот народ; затоа што пастирот ја носи и огорченоста на својот народ – истакна Папата и објасни: Вистинскиот приговор не е против Бог, туку е пред Него, настанува од тесната поврзаност.

Проблеми со епископот

Иако Папата не сака за сè да ги обвини претпоставените, затоа што сите имаме недостаток, но останува фактот дека многу горчини во животот на свештеникот се предизвикани од пропустите на пастирот. Не станува збор за несогласување во управувањето со проблемите или начинот на пасторалната работа, кое нешто често е неизбежно; тоа може да се толерира и е дел од животот на оваа земја. Проблемот не се грешките и бискупите имаат право да погрешат како сите останати луѓе.

Вистинскиот проблем пред сè е одреденото лесно авторитативно застранување, односно не прифаќајќи ги оние кои мислат поинаку од нас. Заради еден збор човекот се вбројува во категоријата која оди против струјата, која е незадоволна. Учеството во иницијативи може да стане мерило за заедништво. Но тоа секогаш не се е во согласност со едногласното мислење. Ниту пак може да се очекува заедништвото да биде исклучиво едномислено. Свештениците треба да бидат во заедништво со бискупот и бискупите во заедништво со свештениците; тоа не е проблем на демократијата, туку на татковството  – истакна Папата.

Потисната надлежност со наводна преданост

Помалку е вообичаено чувството на праведност, што значи да се води сметка за мислењето на сите и да се претставува стадото, не давајќи овластувања. Големо е искушението на пастирите да се опкружат со „своите“, „блиските“ и за жал на тој начин е одредена наводна преданост на потиснатата реална надлежност, па така повеќе не се разликува кој угодува, а кој советува без личен интерес.

Драма на осаменоста

Додека се множат заедничките настани, изгледа дека има сè повеќе заедници, а помалку заедништво. Меѓутоа, Папата појасни дека не станува збор за осаменост во христијанска смисла, онаа во која се моли. Напротив – предупредува Светиот Отец – вистинскиот проблем е токму во тоа што имаме премалку време за да бидеме сами. Без осаменост нема бесплатна љубов. Проблемот е сепак во осаменоста на душата среде народот. Кога „светот на милости“ станува малку туѓ, а светците се „замислени пријатели“ за деца, така оддалеченоста од милостите предизвикува рационализам или сентиментализам.

Исто така опасно е одделувањето од другите, кога сопствените проблеми ни изгледаат дека се единствени и несовладливи, кога се мисли дека никој не може да нè разбере – истакна Папата. Демонот не сака да зборуваш, да кажеш, да споделиш со другите. Тогаш побарај духовен отец, еден „лукав“, постар, кој може да те придружува. Никогаш не се изолирај! – советува Папата.

Божјиот народ очекува луѓе кои помируваат

На крајот папата Фрањо истакнува дека Божјиот народ нè познава подобро од било кој друг. Полни со почит и знаат да ја следат и водат грижата за своите пастири. Ја познаваат нашата огорченост и го молат Господ за нас. Да ги придружиме своите молитви на нивните и да го молиме Господ нашата огорченост да ја претвори во слатка вода за неговиот народ. Да го молиме Господ да ни даде способност да препознаеме она што нè огорчува и да дозволиме да нè преобрази како би биле помирени луѓе, кои помируваат, полни со надеж кои шират надеж. Божјиот народ од нас очекува да бидеме учители на духот, способни да предупредиме на изворите со слатка вода во сред пустина – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот