Кардинал Паролин го пренесе сочуството на папата Фрањо до семејствата на жртвите во Германија
![Кардинал Паролин го пренесе сочуството на папата Фрањо до семејствата на жртвите во Германија](https://katolici.mk/wp-content/uploads/2020/02/9354-800x500_c.jpeg)
Папскиот државен секретар на Светиот Престол кардинал Пиетро Паролин ја пренесе пораката на Папата Фрањо во која тој изразува искрено и длабоко сочуство до семејствата жртви во нападот го германскиот град Ханау во близина на Франкфурт.
Светиот Отец изрази жалост поради деветте невини жртви во нападот на расистичкиот и ксенофобично настроен 43-годишниот германец Тобијас Ратјен.
,,Папата Фрањо е шокиран од страшното насилство во Ханау кое доведe до убивање на девет луѓе”, напиша кардинал Паролин во телеграмата до бискупот Михаел Гербер од Фулда, под чие црковна надлежност е Ханау.
Држаниот секретар на Светиот Престол кардинал Пиетро Паролин истакна дека Папата ја споделува тагата со ожалостените, искажува блискост во нивната болка, а за починатите го моли Господ да им биде милостив. Светиот Отец, додава кардинал Паролин, го моли Исус Христос, господарот на животот, сите оние кои тагуваат за нивните загинати да пронајдат доверба и утеха во Него, и преку животот да ги прати Божјиот благослов и мир.
Да потсетиме, убиецот Ратјeн е пронајден мртов во својот дом, заедно со неговата мртва мајка, која како што се претпоставува исто така ја убил. Неговите жртви биле Турци, Курди, луѓе од Бугарија, Босна и Херцеговина и Романија. Инаку, Турците се најголемо малцинство во Германија.
Ватикан њуз/к.мк