На крајот од двегодишнотo пленарно заседание на Индиската бискупска конференција, надбискупот од Бомбај, кардинал Освалд Грацијас, повторно е избран за претседател.
На на крајот од двегодишното пленарно заседание на индиските бискупи од три обреди: латински, сиро – малабарски и сиро-маланкарески, кое започна на 13 февруари во Бангалор, на тема дијалог, за втор мандат за претседател на Индиската бискупска конференција повторно е избран Освалд Грацијас, надбискуп од Бомбај.
Кардиналот на 24 декември минатата година наполни 75 години. Веќе во ноември минатата година, поради неговата канонска возраст, тој му се заблагодари на Папата за службата. Сепак, Папата Фрањо пред два и пол месеци го потврди како надбискуп на Бомбај.
За кардинал e именуван на конзисториумот од 24 ноември 2007 година од папата Бенедикт XVI., а на 13 април 2013 година назначен е за член во Кардиналскиот совет на папата Фрањо. Освен што неколку пати претседаваше со Индиската бискупска конференција која е составена од повеќе обреди, како и латинскиот обред, до 31 декември 2018 година беше претседател на Федерацијата на бискупските конференции на Азија.
Ватикан њуз/ к.мк