Папата Фрањо: „Не“ на профитот кој го сведува човекот на предмет

Папата Фрањо: „Не“ на профитот кој го сведува човекот на предмет

Среќавајќи се со менаџерите и со персоналот на финансиско акционерското друштво „Istituto Cassa Depositi e Prestiti“ по повод 170 годишнината од неговото основање, Папата ги поттикна посебно во ова време на пандемија храбро да одат по линијата на делување која ја почитува и промовира човековата личност и општеството.

Градители на мирот и праведноста кои не попуштаат на корупцијата во работата и кои ја придвижуваат транспаретноста и барањето на добри резулатите – со тие зборови папата Фрањо ги опиша важните карактеристики на оние кои работат во финансиско акционерското друштво Istituto Cassa Depositi e Prestiti“, 170 година после неговото основање. Примајќи ги во аудиенција во Ватикан неговите менаџери и персоналот, Папата истакна дека социјалната наука на Црквата нуди гледање во кое пред праведниот надомест за собирање на средства инвеститорите финансираат иницијативи кои поддржуваат промовирање на општеството и на заедницата.

Христијанската мисла начелно не се противи на перспективата на профитот, туку профитот се противи на профит по секоја цена, профит кој го заборава човекот кој од него прави роб кој го сведува на предмет меѓу другите предмети, на фактор во процесот кој не може никако да го контролира или во кој на никој начин не може да се спротивстави – истакна Папата.

Затоа е важно да не се попушта на корупцијата, туку да се опстои доследно на работењето и на јасното однесување. Станува збор за тоа да се утврди линијата на делување која почитува уште повеќе која го промовира човековото битие и општество и храбро да се следи. Во извршувањето на сопствените одговорности треба да се знае да се разликува доброто од злото – напомена Папата и објасни, и на подрачјето на економијата и на финансиите, исправна накана, транспаретност и барање на добрите резулатите се компатибилни и никако не смеат да се разделуваат.

Институцијата како што е вашата може конкретно да сведочи солидарна чувствителност поддржувајќи реална економија како двигател на развојот на поединецот, семејството и целото општество – рече Папата. И на тој начин може да се следи постепеното одење на нацијата и да се служи на општото добро, со заземање за умножување на добрата во овој свет и за нивна достапност на сите – истакна папата Фрањо и на крајот ги поттикна присутните да продолжат великодушно да одат по патот по кој тргнале станувајќи градители на праведноста и мирот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот