Папата го прифати одрекувањето на кардинал Анџело Содано на местото декан на Кардиналскиот колегиум
Во сабота, на 21 декември 2019 година, папата Фрањо го прифати одрекувањето од службата на кардинал Анџело Содано на местото декан на Кардиналскиот колегиум кој го отстапи заради својата возраст
Истовремено Папата со посебно Мото проприо одреди дека службата декан на Кардиналскиот колегиум од сега ќе трае пет години со можност за повторен избор и дека на крајот од мандатот деканот во заминување ќе добие титула „декан emeritus“.
Одлуката е објавена по традиционалната средба на Папата пред Божиќ со членовите на Римската курија која започна со обраќањето на кардинал Содано.
Деведесет и две годишниот италијански кардинал стана епископ и апостолски нунциј во 1978 година, бил државен секретар од 1990 до 2005 година и е наследник на кардинал Јозеф Рацингер на местото декан на Кардиналскиот колегиум.
Кардиналот декан претседава со Кардиналскиот колегиум, нема власт над останатите кардинали, туку е прв меѓу еднаквите (primus inter pares). До сега деканот имал неограничен мандат. Деканот ги свикува конклавите во случај на седисваканција (период кога нема папа) и претседава ако е помлад од 80 години. На последните конклави во март 2013 година, кардинал Содано веќе бил постар од 80 години, претседава со генералните конгрегации со, но не бил дел од конклава во Сикстинската капела. Наместо на него задачата беше доделена на под деканот кардиналот Џовани Батисти Ре.
Ватикан њуз/к.мк