Во моменти на пустош најпрво е потребно да се присетиме на убавите моемнти, на средбата со Господ и на времето на љубовта.
Сите поминуваме низ периоди на пустош, низ мрачни моменти во кои изгледа како работите да ја губат смислата; но тогаш христијаните треба да се истрајни за да дојдат до ветувањата Господови, без да се откажат или да се враќат назад – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 1 февруари, осврнувајќи се на првото читање од Литургија од Посланието до Евреите (10, 32-39) кое зборува за значењето на истрајноста на патот на животот. Писателот на Посланието до Евреите зборува за христијаните кои поминуваат низ мрачни моменти и прогони како што секој поединец поминува низ периоди на потиштеност „кога не чувствува ништо“ и кога во нашата душа постои еден вид на празнина. Тоа се моменти на пустош кои ги доживеал и самиот Исус.
Христијанскиот живот не е карневал, не е славење и постојана радост; христијанскиот живот има убави и лоши моменти, моменти на топлина и на празнина, кога сè ја губи смислата – рече папата Фрањо и истакна, тоа е време на пустоѓ. Во тоа време дали заради внатрешен прогон, дали заради внатрешната состојба на душата, писателот на Посланието до Евреите вели: „Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното.“ Па потребно е трпението за да го добиеме ветеното.
Во проповедта Светиот Отец се фокусираше на два елементи кои се еден вид на рецепт против пустошто: сеќавањето и надежта. Како авторот на Посланието, најпрво е потребно да се присетиме на убавите моменти, на среќните денови на средбите со Господ, односно, на времето на љубовта – рече Папата. На второ место треба да имаме надеж заради она што ни е ветено. Животот се состои од убави и лоши моменти, важно е да не се откажеме и да не се враќаме назад во тешките моменти.
Во тешките моменти потребно е да се спротивставиме, но со сеќавањето со надеж и среќа, кое и кога мисли на убавите моменти и кога гледа со надеж – дише – рече папата Фрањо и нагласи, тоа е она што мораме да го правиме во моменти на пустош за да најдеме утеха, посебно онаа ветената од Господ. На крајот Папата потсети на својата апостолска посета на Литванија во септември минатата година и и како бил трогнат од храброста на многубројните христијани и маченици таму кои биле истрајни во верата.
Денес исто така многу луѓе страдаат заради верата, но се сеќаваат на првата средба со Исус, имаат надеж и одат напред. Тоа е советот кој ни го дава авторот на Посланието до Евреите за моментите на прогонства, кога христијаните се прогонувани и нападнати: Бидете истрајни! Кога ѓаволот нè искушува со нашите слабости, секогаш е потребно да гледаме во Господ, да бидеме истрајни под крстот присетувајќи се на првите убави моменти на љубовта, средбата со Господ и надежта која ни припаѓа – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк