Денес на Литургијата го славиме ова Христово таинство кое го просветлува исто така и нашето крштевање, како она на Исус „со вода и Дух Свети“.
Иван Крстител им проповедаше и ги крштеваше на реката Јордан оние кои го очекуваа доаѓањето на Месијата кој веќе беше близу. И токму таму пристигнува Исус и се случува уште една „епифанија“, едно друго, изненадувачко и неочекувано откривање на Бога.
Крштевањето на Исус го претставува неговото официјално појавување како Месија и почетокот на неговото јавно делување. Но Тој е Месија кој сите ги остава изненадени, затоа што првиот гест кој го прави е тоа што оди помеѓу грешниците.
Одлучниот елемент на целиот настан е излевањето на Светиот Дух: ова беше знакот на месијанската ера. Иван го знаеше тоа: „Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е, Кој ќе крштева со Дух Свети“ (Иван 1,33). Самиот Исус ќе го препознае тој настан како негово посветување на посланието: „Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните“ (Лука 4,18). Свети Петар зборувајќи за овие почетоци ќе рече: „Вие знаете за сето она што се изврши, по крштевањето што го проповедаше Иван; т.е. како го помаза Бог со Дуг Свети и со сила Исуса од Назарет“ (Дела 10,37).
Светиот Дух е Тој кој дава почеток на созданието, кога „лебдеше над водите“; Светиот Дух е Тој кој дава почеток на овоплотувањето на Словото во утробата на Марија; Светиот Дух е Тој кој дава почеток на јавното послание на Исус; Светиот Дух е Тој кој дава почеток на Црквата на денот на Педесетницата. Светиот Дух ќе биде Тој кој ќе му даде почеток на секој христијански живот со крштевањето. (…)
Денес Црквата нé повикува да се сетиме исто така и на нашето крштение. И да му благодариме на Бога за тоа што: „Ја отвори небесата, ги освети водите, ги победи силите на злото и го покажа Својот Единороден Син. Денес водата, од Бога благословена, ја брише старата осуда, на верните им дава простување на секој грев и раѓа деца Божји насочени за живот вечен. Беа родени по тело, одеа по вината кон смртта; сега божествениот живот ги прима и ги води кон славата на небото“. Тоа крштевање го создаде нашето крштевање: И ние денес исто така сме крстени во вода и Дух Свети, затоа што „иде еден – како што вели Крстителот – кој е посилен од мене. Он ќе ве крсти со Дух Свети и оган“. (…)
Евангелистот Лука нагласува дека Исус во моментот на крштевањето „се молел“. Секогаш во својот живот – во најодлучните моменти – Исус се наоѓал во молитва. Можеби за да ги поврати иденититетот и посалнието кои ги примил на крштението.
Исто така и за нас молитваата треба да биде моментот на враќање на нашето крштение за да ја повратиме совеста и нашиот идентитет на Божји синови како и на Исусови мисионери: за да одговориме целосно и да ја обновиме послушноста за големите дела на кои Исус го повикува секого од нас.
Кумран/З.А.