Молитвената накана за јануари посветена на младите

Молитвената накана за јануари посветена на младите

„Младите по примерот на Марија“ е тема на молитвената накана на папата Фрањо за месец јануари 2019, со поглед свртен кон претстојниот Светски ден на млади кој ќе се одржи во Панама. Во видео пораката папата Фрањо повикува на молитва за младите да одговорат на Господовиот повик.

Вие, млади во Дева Марија ја имате причината за радост и изворот за вдахнoвение – рече папата Фрањо на почетокот на видео пораката со молитвената накана за месец јануари која секогаш ја пренесува Папската светска молитвена мрежа.

Молете Бројаница за мир и пренесувајте го Евангелието

Во видео пораката за јануари 2019 година, Светиот Отец своите мисли ги свртува кон Панама, каде по повод Светскиот ден на млади, од 22 до 27 јануари ќе се соберат илјадници млади од целиот свет. Затоа Папата од нив бара да го искористат тој настан за да размислуваат со Марија за Христос. Да молиме Бројаница за мир, секој на својот јазик. И барајте од Неа сила за да можете да сонувате и да работите за мирот – поттикнува папата Фрањо. Да се молиме за младите, посебно за оние во Латинска Америка – додава, наследувајќи ја Марија да одговорат на Господовиот повик за во целиот свет да ја пренесуваат радоста на Евангелието. (…)

Презимајќи податоци од Обединетите нации, Папската светска молитвена мрежа објави дека во светот денес има околу 1.190.000.000 млади и спомнува проценка за бројот на младите кои учествувале на посебните средби на Папите со младите од целиот свет, започнувајќи од 1984 година. На последната светска средба на меѓународно ниво, одржана во Краков учествуваа 1.600.000 млади. Средбата во Панама е третата Светска средба на млади на меѓународнот ниво со папата Фрањо после таа во Полска и претходната одржана во 2013 година во Рио де Жанеиро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот