Охрид: ACTS – Унапредување на Каритас преку Солидарност

Охрид: ACTS – Унапредување на Каритас преку Солидарност

Од 7 до 9 септември 2023 година со благослов на Н.В.П. монс. Киро Стојанов, во Пасторалниот центар „Свети Бенедикт и Свети Кирил и Методиј“ во Охрид во организација на Македонски Каритас се одржа семинар насловен: Унапредување на Каритас преку Солидарност. На семинарот покрај персоналот на Македонски Каритас присуствуваа и претставници од Парохиските Каритаси на парохиите: Свети Пророк Илија – Радово, Свети Иван Крстител  – Струмица, Свети Кирил и Методиј – Петралници, Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала, Свети Георги и Свети Димитриј – Сарај, Пресвето Срце Исусово – Битола, Раѓање на Свети Иван Крстител  – Куманово, Свето Благовештение – Штип и Радио Марија.

Настанот го отвори во четврток 7 септември директорот на Македонски Каритас протојереј ставрофор о. д-р Зоран И. Стојанов, посакувајќи им на присутните добредојде, благодарејќи за присуството и подготвеноста на Парохиските Каритаси да се ангажираат за потребните на најсиромашните.

Потоа Спасе Спасов, координатор на Македонски Каритас зборуваше на тема Каритас хуманитарна организација која постои врз основите на Солидарноста.

Во петок 8 септември учесниците денот го започнаа со Утринска молитва,, а потоа следуваше предавање на отец д-р Зоран И. Стојанов, кој зборуваше на тема: Марија препорачува: Правете се што ќе ви каже – Кана Галилејска. Со осврнување на 4,5 и 6 постојка од Крсниот пат. Второто предавање го одржа отец Гоце Костов на тема: Мајката Тереза, македонска светица симбол на грижа за најсиромашните, по што следуваа работилници во групи и презентација на резултатите од работиницата.

Во сабота 9 септември отец Ѓорги Динов зборуваше на тема: „А таа Ми ги помаза нозете со миро“. Последното предавање го одржа отец Илија Стојанов на тема: Дајте им вие да јадат“, а потоа повторно следуваше работилница во групи и презентација на резултатите од работилницата.

За молитвениот дел од програмата се погрижи отец Горѓе Појразов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот