Превозвишени господине бискуп Скопски и епарх Струмичко – скопски монс, д-р Киро Стојанов,
Превозвишени господине бискуп мостарско – дувањски и апостолски управител требињско – мркански, монс. д-р Ратко Периќ
Превозвишени господине бискупе Воен ординариј во БиХ, монс. д-р Томо Вукшиќ;
Ценет господине декан на Католичкиот богословски факултет во Сараево, о. д-р Дарко Томашевиќ;
Ценет господине декан на Православниот богословски факултет во Скопје д-р Ѓоко Ѓоргевски;
Ценети директоре на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Република Македонија, господин Дарјан Сотировски
По повод одржувањето на Студискиот ден од срце сакам да ги поздравам заедно сите присутни, како и секој посебно. Благодарам на месниот бискуп монс. Киро Стојанов на поканата, како и за организацијата на овој Студсики ден, заедно со соработниците и во соработка со Католичкиот богословски факултет во Сараево, како и на останатите предавачи. Поздрав и благодарност до сите предавачи кои преку своите предавање ќе го пренесат историскиот од на оваа месна Црква. Поздрав до сите угледни учесници како и на сите кои дојдоа да бидат присутни на ова проучување на минатато на Католичката црква во Македонија низ историјата.
Иако не сум историчар, но многу е интересно да се појде во минатото на овој град, како и до католиците во оваа земја. Веќе во 4 век оваа покраина Дарданија и градот Скупи имаат организирана црковна управа. Тоа дури го нарекуваат и златен период на оваа покраина. И тогаш земјотреси рушеле градови, а вредните раце ги обновувале и отворале перспектива за живот.
Посебени периоди се немирните ситуации и разните властодршци. Сепак се спомнува Скопскиот бискуп во 1204 година, по што настапува празнина. Директна грижа за верниците во овие краишта водат Которските бискупи. Потоа доаѓаат Турците и за време на отоманското царство настапува петвековното ропство.
Со основањето на Конгрегацијата за навестување на верата (Propaganda Fidei) во 1622 започнува да се посветува поголемо внимание на дијаспората и овие краишта. Со именувањето на надбискупот Андирија Богдани редоследот на скопските бискупи останува непрекинат.
Тука ќе слушнеме борјни податоци од минатото, подобро кажано ќе ги запознаеме корените на Црквата на овие простори. Како би биле свесни на својот идентитет и своето послание и во овие времиња. Понекогаш сме во опасност да се исплашиме од сегашните предизвици, а всушност ако погледнеме во минатото тие предизвици никогаш не недостасувале.
Важно е да се запознае од она од кое изникнавме и на што денес растеме, како би оставиле светла трага за идните генерации.
Затоа искрено го поздравувам ова студиско истражување и пренесување и се заблагодарувам на организацијата на ова дело. Посакувајќи успех во научната работа и радосен за добивањето на сознанијата за нашето минато.
Винко кардинал Пуљиќ
Надбискуп метрополит врхбосански